СОТИР ГАБЕЛОСКИ
Од најниски до највисоки оценки за политичари, оценување на владата како успешна на едни полиња, но малку успешна на некои други и мои впечатоци, како анкетиран, за насоката во која се движи мојата семејна економска ситуација.
Секогаш сакам да одговорам на анкета макар и да одзема повеќе време, затоа што мислам дека луѓето кои се јавуваат и ги поставуваат прашањата, а се трудат да бидат што пократки , навистина заслужуваат почит од нас и за нивното време, трпение и задачата која треба да ја завршат. Оваа анкета беше спроведена во недела, а моето место на одговор беше во друштво на мала закуска и неформални муабети.
Највисоки оценки дадов за Зоран Заев и Димитар Ковачевски, додека најниски од мене добија Александар Николовски и Димитар Апасиев. Во анкетата потенцирав дека сметам дека државата се движи во релативно правилна насока, но на борбата со корупција дадов оценка три. ЕУ аспирациите и генерално работата во областа на надворешната политика ги оценив највисоко, додека на Договорот од Преспа дадов оценка 4.
Во разговорот со почитуваната госпоѓа разговаравме и за личната економска состојба за која очекувам да не се промени многу во годината што следи, од аспект на примања, но заради бројните кризи очекувам животот да поскапи.
На крајот, одговорив дека не постои атернатива на СДСМ. Едноставно оваа партија можеме да ја наречеме најмало зло или најдобра од сите, ама јас навистина не гледам алтернатива имајќи ја во предвид состојбата со ВМРО ДПМНЕ, она што досега го покажаа како ги водат општините и неоградувањето од признавањето на вина во судски процеси на нивни функционери.
Поплочен е патот на Македонија кон надвор, но очигледно има некои области со кои се мачиме. Фокусот нека биде еден затоа што тоа е возможно – развој на Македонија во секоја област. Цело е кога има се’.