• Latest

Како (ќе) се трошат парите на граѓаните од откажаните новогодишни прослави?

January 17, 2017
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Како (ќе) се трошат парите на граѓаните од откажаните новогодишни прослави?

January 17, 2017 15:58
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје и општините Битола, Велес и Куманово, решија да ги откажат новогодинешните прослави на плоштадите и средствата да ги пренаменат во хуманитарни цели. ЦИВИЛ Медиа се обиде да добие одговор каде завршија средствата кои до минатата година се трошеа за организирање на новогодишни прослави и за хонорари на македонските и странските естрадни уметници.

Славчо Чадиев, градоначалник на Велес

Од Општина Велес, велат дека средствата веќе се искористени за помош на социјалните семејства од градот. „Од Центарот за социјални работи, ни испратија листа на 40 најзагрозени семејства во Велес, на кои им дадовме ваучер од по 2.000 денари, а направивме и пакети со прехранбени производи и средства за хигиена во вредност од 2.500-3.000 денари. На овој начин, парите предвидени за новогодинешните прослави во Велес, ги искористивме во хуманитарни цели“, велат од Општината.

Владимир Талески, градоначалникот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, на прес-конференција на 22-ри декември, изјави: „Сумата од 1.000.000 денари,  предвидена за тоа, ќе се пренамени за хуманитарни цели. Дел ќе се искористи за опремување на сензорна соба во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен, слух, говор и други потреби ‘Кочо Рацин’ во Битола, а дел за социјални категории“.

Сепак, и покрај конкретниот став на Талески од пред Нова година, за тоа каде ќе се користат средствата, секретарот на Општина Битола, Слободан Бончаноски за ЦИВИЛ Медиа изјави: „Советот има донесено одлука дека до крајот на јануари ќе се формира специјално тело кое ќе одлучува колку средства за што ќе бидат наменети“.

Општина Куманово денес имаше проблеми сотелефонските линии и оттааму бевме известени дека прашањата ќе бидат пренесени на надлежните, по што ќе ни ја проследат бараната информација.

Лицето одговорно за односи со јавност и информации за граѓани на Град Скопје и по големиот број на обиди не успеавме да го добиеме.

Коце Трајановски, градоначалник на Скопје

Како што известува Радио МОФ, тие успеале да добијат одговор од Град Скопје кој гласел: „Каде ќе се донираат (средствата), и на кој начин, ќе одлучи Советот на Град Скопје, а седница се нема одржано изминативе неколку недели. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на некоја од наредните седници. Град Скопје благовремено ќе ја информира јавноста кому ќе му бидат доделени овие средства“.

И, од партијата Левица, денеска апелираа до локалните самоуправи да ја информираат македонската јавност за какви цели ќе ги искористат парите предвидени, а непоторшени за новогодинешните прослави.

„Левица бара локалните самоуправи кои ги откажаа новогодишните прослави, да објават јавно и транспарентно, каде точно завршија средствата, за кои ветија дека ќе ги пренаменат за хуманитарни цели…Доколку локалните самоуправи одбијат транспарентно да објават каде точно завршија парите на граѓаните, со право може да се смета дека тоа беше само уште еден нивни магионичарски трик, фрлајќи им магла во очите на граѓаните“, се вели во соопштението на Левица.

М. Теговска

Tags: Левицалокална самоуправаМакедонијахумани целиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ