• Latest

Каква младост е таа што ѝ сака смрт на некоја друга младост?

July 17, 2018

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Каква младост е таа што ѝ сака смрт на некоја друга младост?

July 17, 2018 10:53
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Велосипедска трка, Скопје, 2018. Фото: Киро Попов/kolektif.mk

 

Политичарите од старата генерација обезбедија живот за младите каков што не заслужуваат. Дадоа најлоши можни примери за тоа како не се води држава, како не функционира општеството, како не треба да се однесуваме во заедниците, маалото, семејството…

Пишува: Џабир Дерала

Таа генерација политичари ја третираше земјата како привремена градба покрај напуштен златен рудник – ископај, грабни колку можеш и бегај. Ја третираа како двор на туѓинец во кој може да се врши нужда. Како да имаме резервна земја. Дури и направија нешто налик на тоа. Создадоа држава во држава, во која можат да живеат само избрани, а другите ги фрлија во беда.

Тоа се генерации и гарнитури што спроведуваат бескрајна, мрачна и криминална транзиција, испродадоа сѐ што вредеше, не да се прехраниме сите заедно, туку само некои да се збогатат како цареви и да си играат војна по планините, „Монопол“ по градовите. Структури што им робуваат на парите, моќта и пороците, а глумат моралност и богобојазливост – уништија генерации млади луѓе. Кој имаше шанса, избега. Кој немаше, заглави во спирала од глупост и насилство.

Политичарите на минатото се опкружија со безрбетници и квази интелектуалци што пишуваа учебници што заглупавија генерации млади. Изградија систем што е суров, неправеден и криминален, произведе луѓе и квази лидери што им припаѓаат на најмрачните времиња на светот, а нивната слика може да се стави во албумот на психијатриски случаи. Злосторници претставени како херои во медиумите ги наметнаа како идоли.

Дел од нас беа бунтовни од млади години. Баравме од постарите да ни обезбедат слобода и подобар живот. Баравме да станат поинакви, да фатат чекор со времето во светот кој се менуваше со вртоглава брзина. Баравме нешто што никогаш не добивме. Наместо тоа, новата, посткомунистичка генерација стана далеку полоша, алчна и сурова. Во меѓувреме, остаревме борејќи се со ветерници.

Млади, не гледајте во таа генерација на минатото и мракот, не барајте ништо. Вие знаете подобро и повеќе. Вие сте дел од новиот свет што безмилосно го уништуваше старата генерација и генерацијата пред неа – тие сѐ уште ги држат парите и моќта, но вие можете да им застанете на патот. Не земајте ништо од нив. Вие сте надежта, таа нова генерација млади, храбри и отворени луѓе, постојано будни и ангажирани. Ништо не ви е потребно од нив.

Барам денеска од вас да ги прогласите таквите политички мастодонти за изумрени видови. Тие не знаеја и не сакаа да го надминат минатото, а уште помалку сакаа да обезбедат иднина за вас. Време е сите да го сфатиме тоа и да му дадеме предност на младиот човек што сака нешто да направи од и во Македонија.

Каква младост е таа што носи омраза во себе? Каква младост е таа што ѝ сака смрт на некоја друга младост? Зарем може да се подели младоста на една и друга, едната да заслужува живот, а другата страдање и беда? Младоста е младост, не може да се подели. Дури и само еден несреќен млад човек е премногу за оваа земја што и онака ја напуштаат младите.

 


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

 

Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“ на 18 јули 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: младиполитика
Share353TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ