Минела Календер, пратеничка од СДА Санџак во српскиот Парламент, на меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, во организација на СДА Македонија, зборуваше за големосрпското националистичко негирање на геноцидот во Сребреница.
„Ако знаеме дека Србија го негира геноцидот во Сребреница, се псотавува прашањето кои се нејзините планови за во иднина, а одговорот на ова прашање е од исклучително значење за сите држави и народи на Балканот и нивната политичка и биолошка асистенција. Политиката која доведе до геноцид над Бошњаците во Сребреница и злосторства во Санџак мора да биде соодветно осудена од каде што потекнува, а нејзината придобивка од геноцидот мора да биде поништена за да можат сегашните генерации во мир да градат среќна сегашност и сигурна иднина“, потенцираше Календер.
Б. Ј.