• Latest

Камбери: Силна борба против дискриминацијата и подигање на свеста кај граѓаните за опасноста што ја носи континуираната дискриминација во нашето општество

June 4, 2021
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Камбери: Силна борба против дискриминацијата и подигање на свеста кај граѓаните за опасноста што ја носи континуираната дискриминација во нашето општество

June 4, 2021 10:45
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Исмаил Камбери, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за надлежностите на новото тело на Комисијата, со кои проблеми и предизвици се соочуваат, каде и во кое поле има најмногу дискриминација, како граѓан(к)ите да пријават дискриминација…

ЦИВИЛ Медиа: Можете ли да направите паралела на работата на претходното тело на Комисијата за заштита од дискриминација и работата на актуелната Комисија?

Камбери: Новото тело, односно Комисијата за спречување и заштита од дискриминација која е основана со донесување на Законот во октомври 2020 година, е ново тело кое што има проширени надлежности. Во тој поглед, една од главните карактеристики од кои се разликуваат овие новини се професионализацијата на комисионерите, односно критериумите коишто се потребни за избор на членови на Комисија, поставувањето на основите на дискриминација, како сексуалната ориентација и родовиот идентитет,  поблиско дефинирање на термините – лица со попреченост, внесување на терминот „актопопуларис“, односно тужбата од јавен интерес, и внесување на терминот „амигос куриае“, односно можност за Комисијата да може да учествува во судските постапки како пријател на судот или како замешувачи во постапката и други работи кои се новитети со новиот Закон. Ова ново тело генерално има проширени, зголемени надлежности кои помагаат во борбата против дискриминацијата, но и во спречувањето на дискриминацијата во нашата земја.

ЦИВИЛ: Кои се главните проблеми со кои се соочува Комисијата и каде има најмногу дискриминација во нашата држава?

Камбери: Статистички гледано и во старото тело, но и ако ги гледаме претставките од Народниот правобранител и преставките што сега доаѓаат до нас, генерално граѓаните се соочуваат со дискриминација врз основа на припадност на одредена етничка заедница, но има голем број случаеви на дискриминација врз основа на политичка припадност, сексуална ориентација но и пристап до јавни добра и услуги.

ЦИВИЛ: Каква е соработката со Владата, институциите и невладините организации?

 Kамбери: Соработката со невладините организации засега ја оценуваме како добра, имаме воспоставено соработка и со невладини организации и со меѓународни организации. Со неколку меѓународни организации и мрежи кои што се бават со дискриминација имаме потпишано меморандум за соработка. Во тој поглед сме целосно отворени за работа со граѓанскиот сектор и со претставниците од меѓународната заедница. Веќе имаме дизајнирано одредени проекти во кои ќе соработуваме со овие организации, што вклучуваат кампањи, креирање на стратешки документи со Комисијата и се она што значи борба со дискриминацијата и подигање на свеста кај граѓаните за опасноста што ја носи континуираната дискриминација во нашето општество.

Од основањето на Комисијата, односно изборот на членовите на Комисијата, засега сите врати ни се отворени за соработка со Владата, во тој поглед оди позитивно процесот на етаблирање на институцијата што значи прво регистрирање на институцијата, потоа отварање трговска сметка, па опремување итн… Се надевам дека сите процеси ќе завршат овој месец за да можеме конечно со целосен капацитет да почнеме да работиме. Иако ние и до сега работиме, но во иднина очекуваме тоа целосно да се заврши.

 ЦИВИЛ: Во какви услови работи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација?

Треба да се има во предвид дека основаме ново тело, односно со изборот на членовите во 25 јануари во 2021 година, треба да се има предвид дека Комисијата е целосно ново тело, со нови надлежности, со нов Закон, кој беше донесен од страна на Собранието на РСМ. Дека е ново тело, подразбираше долг  бирократски процес, како регистрирање на институцијата во Централен регистар, потоа формално вработување на членовите на Комисијата, отварање на трезорски сметка, наоѓање на сметководствена куќа, креирање на оние потребни документи кои означуваат вработување на лица, тука доаѓа и функционалната анализа на актите на систематизација и сите оние други документи кои што се потребни за да може Комисијата да функционира.

За релативно кратко време го имаме завршено, останува уште опремување на просторот. А во меѓувреме, актите за систематизација ни се одобрени од Министерството за информатичко општество и администрација што значи дека веќе имаме во план да преземеме 8 лица од други институции кои ќе помогнат во работата на Комисијата, а претходно имаме и двајца коишто беа со овластување доделени од Министерството за труд и социјална политика. Така што со овие 8 луѓе и комисионерите и опремувањето на просториите кои што следи во блиска иднина, мислам дека ќе поставиме солидна основа за целосно функционирање и исполнување на надлежностите на Комисијата.

Моментално сме 6 комисионери, бидејќи еден член даде оставка во првите недели на функционирањето на Комисијата, веќе Собранието отвори оглас за избор на нов член, и се надевам дека тој процес ќе заврши што е можно побргу за да го имаме и седмиот комисионер и плус имаме уште двајца службени лица, административци, кои веќе 10 години работат во Комисијата со овластување од МТСП. Со актот од МИОА ќе бидат земени овие двајца, плус уште 6 души кои ни се најклучни за добро функционирање на Комисијата.

ЦИВИЛ: Како и каде може да пријават граѓаните дискриминација?

Kамбери: Согласно законот се поднесува претставка до Комисијата, претставката треба да содржи податоци за подносителот а фактите коишто укажуваат дека постои дискриминација и доколку претходно повеле процеси, административни, државни, институционални процеси за дискриминација исто и тие може да ги вметнат како документи во претставката, потоа треба да стои до кого е поднесена претставката и потпис.

Каде може да се поднесат – моментално може да се поднесат во физичка/хард копија на ул. „Даме Груев“, бр.1 во Скопје (поранешните простории на ДКСК). А во меѓувреме во соработка со ОБСЕ правиме и вебстрана кадешто ќе има можност, односно апликација за поднесување на онлајн претставка. Засега може само во хард копи, кога ќе ја основаме вебстраната и апликацијата тогаш ќе може и онлајн, за што ќе бидат известени сите релевантни чинители и јавноста.

Сега претставките ги примаме преку пошта, но има случаеви кога граѓаните доаѓаат лично да поднесат претставка. Ние на лице место го слушаме граѓанинот, му ја куцаме претствката, ја архивираме, за потоа да почнеме да работиме по неа. Но, во иднина ќе бараме и други модуси за да бидеме попристапни за сите граѓани во целата земја.

Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ