• Latest

Канабисот сè повеќе добива на важност како лек, во САД се користи за лечење од КОВИД-19, македонската влада со јасна политика за лековитата билка

January 16, 2022

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА

Канабисот сè повеќе добива на важност како лек, во САД се користи за лечење од КОВИД-19, македонската влада со јасна политика за лековитата билка

January 16, 2022 16:49
in ВЕСТИ, КОВИД-19, НАУКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Барајќи природен лек за спречување на ширењето на КОВИД во човековото тело, државниот универзитет од Орегон во САД, како и други престижни универзитетски истражувачки центри во САД, како оној во Мисисипи, како и насекаде во светот, открија дека три состојки на канабисот – непсихоактивни прекурсори пронајдени во растението – се ефикасни во блокирањето на влегувањето на корона вирусот во човековите клетки.

Ова откритие значи дека со користење на таблета од канабис, може да се спречат симптомите на КОВИД-19 и уште во самиот старт, по заразата, да се спречи ширењето на вирусот во човековото тело.

Северна Македонија е една од првите земји во регионот која дозволи користење на канабис за медицински цели. Исто така, во програмата на Владата на Ковачевски се наведува дека ќе се зголемува и бројот на медицински состојби за кои може да се користи канабис со што, ваквиот суплемент, доколку биде одобрен, ќе може да биде препишуван на македонските пациенти.

Скриншот од веб страницата на Државниот универзитет во Орегон, САД, 10 јануари 2022

Лекот е најефикасен во спречувањето на инфекцијата

Како што објаснува еден од авторите на студијата, професорот Ричард ван Бримен, лекот направен од канабис би бил најефикасен доколку се зема по изложувањето на вирусот, со цел да се спречи инфекцијата.

„Лекот би се земал орално, во форма на таблета, масло или гумено-бонбонче. Сите знаеме кога сме изложени на вирусот, ќе се сретнеме со пријател и тој потоа ќе ни каже дека е позитивен на КОВИД. Тогаш, сите сме загрижени дека ќе се разболиме и токму тогаш е моментот кога препорачувам да се земе суплемент што може да спречи инфекција“ вели професорот Ван Бримен во интервју за „Вајс“.

Тој сепак нагласува дека не заговара ваквиот лек да се зема за лица кои се хоспитализирани или сериозно болни и препорачува испитување на комбинација од терапии, што ќе вклучуваат други лекови за различните фази од заразувањето со КОВИД.

Активните состојки на канабис кои истражувачкиот тим открил дека ја спречуваат заразата со корона вирусот се канабидиолска киселина (CBD-A), канабигеролна киселина (CBG-A) и тетрахидроканабинолна киселина (THC-A). Сите три состојки како киселина се непсихотропни, а професорот Ван Бримен препорачува дека, од нивните тестирања, произлегло дека најефикасни се доколку се користат сите заедно, како микс, наместо посебно една по една.

Професорот објаснува активните состојки кои делуваат на корона вирусот се киселини, но доколку производот од канабис кои ги содржи овие состојки се консумира со пушење, топлината може да предизвика промени во хемискиот состав, со што состојките нема да биде активни против вирусот.

„Сметаме дека пушењето на канабис како превентивна мерка за зараза од КОВИД-19 би имало послабо дејство. Немаме направено експерименти за да видиме колку брзо се случува хемиската промена и на која точно температура, но знаеме дека канабидиолската киселина е нестабилна на топлина“ – објаснува професорот Ван Бримен.

Лабораторија во Универзитетот на Орегон, САД, во кој се испитуваат својствата на медицинскиот канабис

Северна Македонија лидер во регионот во користењето на канабис за медицински цели

Во насока на декриминализација и легализација на канабисот е и програмата за работа на Владата на Димитар Ковачевски. Предвидено е интензивирање на политиките и активностите за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки од канабисот.

Првенствено, преку измена и дополнување на законодавството, ќе се бараат решенија за да се дозволи освен лекари од јавното, и лекари од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара.

Со тоа, доколку лекот на тимот истражувачи од Орегон ги помине и следните фази на испитувањето, ќе може да се користи во земјава како лек за успешна превенција на заразување со корона вирусот.

Во програмата на владата исто се предвидува и формирање на фонд од давачките што ќе ги плаќаат правните лица кои произведуваат и тргуваат со канабис. Со тој фонд ќе се поддржуваат програми за лекување на разни болести, маргинализирани групи, како и проекти од јавен интерес од областа на медиумите, културата, спортот и граѓанскиот сектор.

Лабораторија за медицински канабис при Универзитетот на Мисисипи, САД

Строгите закони во светот ги попречуваат истражувањата на канабисот

Како главен проблем за истражувањето, истражувачкиот тим на Ван Бримен ги наведува строгите и често збунувачки закони на државите за користење, но и истражувања на канабисот.

„Гледаме дека секоја година правилата и законите се менуваат за тоа како може да се користи канабисот за истражувања, но и за користења во медицината и за лична употреба“ – вели професорот Ван Бримен и додава дека канабисот е комплексно растение, од кое веројатно ќе произлезат и лекови за многу други болести.

„Сметам дека легализацијата на канабисот ќе отвори цело ново поле за истражување. Конопот е необична билка во смисла дека има неколку уникатни класи на состојки, што не се наоѓаат во ниту едно друго растение во природата“ објаснува професорот Ван Бримен.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ