• Latest

Капитализам, брат…

April 4, 2018

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Капитализам, брат…

April 4, 2018 10:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

                                       „Луѓето мислат дека се слободни,

                а всушност мозоците до тој степен им се испрани

                               што комунистичките лидери, од она време,

                 можеа само да сонуваат за граѓанство какво што е ова!“

Петок е. Утро. Брзам на многу важен состанок кој треба да почне во 9 часот во центарот на градот. Обично одам пеш или со велосипед, но, овој пат одлучувам да одам со автобус. 8:10 е. Излегувам од дома. До автобуска станица која е на седум – осум минути оддалечена од мојот дом, одам пеш.

пишува: Војо Цветановски

Чекорам брзо, да го фатам автобусот во 8:22. Улицава по која одам речиси и да е празна. Во мене зјаат нови градби на згради кои никнаа на улицава преку ноќ. Буквално ко печурки. За момент почувствував како да не го препознавам ниту мирисот, ниту духот, ниту лицето на мојата улица, лицето на мојот град. Одам и низ глава ми се врти една мисла која одамна сакам да ја запишам. Брзам да стигнам на автобус, ќе ја запишам кога ќе седнам. Стигнувам на автобуската. Чудно, нема гужва. По кратко пристигнува автобусот. Влегувам. Автобусот е речиси празен. Двајца повозрасни господа седат на крајот. Се „откуцувам“ и одам да седнам. Седнувам веднаш зад нив. Нешто разговарат, но, не ги слушам. Брзам да ја запишам мислата од пред малку додека ми е уште свежа. Од ранецот го вадам мојот мал син тефтер во кој си ги запишувам идеите. И додека веќе вози автобусот по својата вообичаена рута, го потпирам тефтерот на десната нога и со молив ја запишувам мислата клатејки се неконтролирано, лево – десно, напред – назад, од дупките на улицата по која се возиме;

Градов престана да мириса на себе. Мириса чудно. Туѓо некако. Местата кои некогаш ме потсетуваа на животот во него, денес како да се некои нови, кои, кога ги гледам, се чувствувам како вчера прв пат да сум ги видел и не знам како да реагирам на нив, ги знам, а не ги препознавам.

Го затворам тефтерот. Го враќам во ранец. Се загледувам низ прозорецот. Одеднаш, разговорот на двајцата возрасни кои седат пред мене станува гласен. И да не сакам, го слушам. Пред очи ми е.

– … и, до кај е ќерка ти, се вработи ли. Што беше она, стоматолог? – прашува едниот.

– Да. Еве веќе три години како седи дома без работа. На кој конкурс и да се јави, секаде ја одбиваат. – рече другиов со треперлив глас, скоро и пред расплакување.

– Ајде, ајде ќе биде подобро. – проговори другиов, со полуотворена уста.

– Кога? Еден век веќе чекаме да биде подобро. Не, пријателе, мислам дека е време да престанеме да се лажеме сами себе. Тука одамна веќе не одлучува образованието кое човек го стекнал учејќи, влегувајќи во нови предизвици, патувајќи низ светот, запознавајќи нови луѓе, нови средини, стекнувајќи се со нови искуства. Тука веќе одамна не одлучуваат сите оние непреспани ноќи поминати над книга за повеќе да се надградиш во науката, за денес повеќе да знаеш од вчера, и да си среќен дека утре ќе бидеш попаметен од денес. Години и години минати над книга, во пракса, и сето тоа со крвта, потта и солзите на родителите кои како кртови работат за да му обезбедат образование на своето дете во кое безрезервно веруваат и пресреќни се кога гледаат колку е среќно додека се стекнува со наука. Сиот умор кој ми беше збран во коските од работа за да и’ обезбедам мирно и спокојно студирање ми поминуваше кога ја гледав колку е среќна дека осознова нови работи. И, што од тоа? Сето тоа знаење, учење, патување, нови искуства денес и сè бадијала. Не, пријателе, тука веќе не одлучува тоа колку знаеш, колку си образован и колку си предодреден да напредуваш за општото добро. Тука друго одлучува. А тоа другото е нешто на што ниту сме ги воспитувале нашите деца додека растеле, ниту сме имале намера да ги претвориме во такви полтронизирани граѓани. Сите знаеме колку е тоа штетно за нашето општество, всушност колку е штетно за било кое општество, а еве никако, со години не можеме да најдеме лек за таа болест. Те молам, се вознемирувам кога зборувам на оваа тема. Да го прекинеме разговоров тука.

Настапи молк. Неподнослив молк. Во тишина се возевме уште две станици. Автобусот стигна во Центар. Слегов. Двајцата осатанаа. Сето ова што го слушав ми е многу добро познато. Ништо ново не е. Ова беше само уште еден несреќен случај во морето од болка кое го преплави ова поднебје и како испарен темен облак стои над нас и никако да си замине одовде. Со години веќе…

Полека стигнав до зградата каде што ми беше состанокот. 8:50 е. Влегов. Една пријатна госпоѓа во средни години ми пријде во ходникот.

– Вие сте за состанокот? – ме праша. – Да. – кусо одговорив.

– Директорот мораше да замине. Итно го свикаа на друг состанок. Ми рече да ви пренесам дека денес нема да доаѓа, но дека ќе ве прими некој друг ден. Слободно побарајте го. – рече без никаков израз на лицето и брзо замина.

Седнав шокиран на столчињата во ходникот. До мене седеше непознат за мене човек. Го погледнав. А тој со блага насмевка на лицето проговори:

– Знам дека не е, но, ако ти е за утеха, не си сам во приказнава. Капитализам брат, тоа е…

 

Tags: вработувањеживоткапитализамприказни
Share38TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ