„На прашањето ако се воведе полициски час кога би требало да се воведе имавме неколку размисли. Прво, одредени економски субјекти работат во тој период, кога ние сакаме да го направиме полицискиот час, што е наш предлог, драфт документ, второ дали ќе се спречи на тој начин ширењето на инфекцијата? Ако мене ме прашувате, како доктор Караџовски верувам не, меѓутоа нема да дозволиме народ после 22 часот да се групира во парк, населено место, клупи и да имаат близок респираторен контакт. Дали мерката ќе се почитува во 19 часот, 18 или 22 часот за мене е исто, битно е да се почитува“, одговор Караџовски на новинарско прашање.
Во однос на тоа зошто полицискиот час да почнува од 22 часот, Караџовски истакна дека дел од граѓаните беа во тродневен карантин, и дека поради тоа сега даваат можност да се олабават малку.
„Носете заштитна маска и држете дистанца. Дистанцата дали се држи во 18 или 19 или 20 часот е исто, само држете истото и со маската. 20% од граѓаните не веруваат во мерките и дека постои вирусот, мислат дека ова е светска завера. Денот е подолг, се смрачува подоцна и дел од луѓето се на работните места до 16 или 17 часот, и со ова имаат можност да се вратат дома, да прошетат, испазарат и друго“, додаде Караџовски.
„Испочитувајте ја дистанцата и носењето маса, за да не ја внесете инфекцијата дома и во вашето семејство. Прашајте ги оние семејства кои страдаат од ова, лесно е да се зборува од онаму кај што нема случаи“, истакна Караџовски.
А. П.