Професорката по Уставно право и политички систем, Тања Каракамишева, на својот Фејсбук профил, вчера објави лажна вест дека градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, има членска книшка од СДСМ, но по бурните реакции од јавноста и најавата за тужба, таа денес му се извини. Фотомонтажата од лажната членска книшка на Јанчев е споделена 66 пати, додека извинувањето е споделено само 11 пати.
„Утринава ме “бомбардираа” вести и телефонски јавувања од провладините медиуми дека Митко Јанчев ќе ме тужел поради објавата за членската книшка.
Не знам колку е информиран господинов, но оваа фотографија е јавно достапна и не е за прв пат објавена кај мене, што значи не е ексклузивна вест.
Галиба ќе треба да ги тужи сите на твитер!
Самиот факт дека целиот провладин медиумски сервис се покрена да го објави демантот на Јанчев зборува повеќе од самата книшка.
Со оглед дека сум професионалец и пред се, човек, му упатувам извинување доколку на каков било начин сум придонела да се почувствува навреден од објавата“, пишува Каракамишева на Фејсбук.
Галиба професорката Каракамишева заборави дека е професорка по Уставно право и е дел од тимот за преговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, па нејзините објави се сметаат за поверодостојни, за разлика од некој/а анонимен/а твитерџи(к)а…
Дехран Муратов