Политиката треба помалку да се посветува на малцинските права, а повеќе да работи на човековите права, вели Мелиса Кариман од Романо Авази на панелот на ЦИВИЛ „Мултикултурализам, дискриминација и толеранција кај младите“, што се одржа на 30 март 2022.
„Најважно е да има соживот меѓу младите. Јас како млада личност пораснав во мултиетничка заедница, и тоа сега, а и во иднина многу ќе ми помогне да можам да се прилагодам на секое лице што доаѓа од друга етничка припадност или религија, меѓутоа сум се сретнувала со лица кои не можеле да се прилагодат кон мене, како Ромка. Проблемот според мене е тоа што заедниците се делат, каде ќе живеат Роми, каде ќе живеат Албанци, каде ќе живеат Македонци, според населба, и тоа предизвикува проблем и нетолеранција помеѓу младите,“ вели меѓу другото Кариман.
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети