Експертката за дезинформации и пропаганда, Катерина Павлова, на панелот „Спротивставување на авторитаризмот“ вели дека каде и да оди ќе ја претставува Украина, иако доаѓа како претставник на организација од Германија.
„Каде и да одам, иако не сум на фронтот во Украина, носам војнички кондури“, вели таа.
Павлова вели дека медимската писменост делува само на информациите, дезинформациите делуваат поинаку – на емоциите.
„Ако Трамп каже дека мигрантите во САД ќе им ги јадат мачките и кучињата, луѓето знаат дека не е така, ама решаваат да му веруваат“, додава таа.
Павлова истакна дека Германија треба да учи од Северна Македонија како да биде отпорна на дезинформации.
Таа заклучи дека десничарите се многу присутни на Тик Ток каде што шират дезинфомации.
Катерина Павлова е главна оперативна директорка и тренер во CRISP. По потекло од Украина, таа се преселила во Унгарија во 2014 година за да студира културна дипломатија на Универзитетот Андраси. Од 2010 година организира проекти и конференции, стекнувајќи огромно искуство во меѓународна соработка и менаџмент. Таа работеше во Амбасадата на Украина во Берлин во 2016 година и координираше меѓународни проекти во CRISP од 2017 година.
Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје е дел од програмата на Неделата на човекови права – иницијатива на Владата на Северна Рајна-Вестфалија.
Конференцијата се состои од четири сесии, во кои учествуваат повеќе од 25 учесници од Северна Македонија, регионот, Европа и САД, како и изложба и штандови со изданија на организацијата која оваа година одбележува 25 ГОДИНИ од основањето.