• Latest

Пендаровски: ЦИВИЛ 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, залагајќи се за оддржлив мир и граѓанско помирување во општеството

November 26, 2021

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пендаровски: ЦИВИЛ 20 години активно ги промовира и брани човековите права и слободи, залагајќи се за оддржлив мир и граѓанско помирување во општеството

November 26, 2021 10:26
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, РЕКОА ЗА ЦИВИЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски за ЦИВИЛ. ( 29 ноември, 2019, на конференцијата  „Меѓу стремежите и реалноста“, посветена на успесите, проблемите и перспективите на невладиниот сектор, a по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на ЦИВИЛ)

„ЦИВИЛ започна да работи во едно турбулентно време кога нашата земја се соочуваше со големи хуманитарни и безбедносни предизвици. Но, не се задржа само на нив, туку се обидуваше да понуди решенија и за новите проблеми со кој се соочуваше и се уште се соочува нашето општество.

Од стотината успешни активности и проекти на ЦИВИЛ, јас ќе издвојам само неколку кои според мене имаат посебно значење.

Прво, тоа е Граѓанската повелба како рефлексија на Универзалната декларација. Оваа Повелба препознава дека вистинското или реалното учество на граѓанките и граѓаните во обликувањето на нашето општество е неопходно за надминување на најголемите предизвици, како што се сиромаштијата, насилниот екстремизам, растечката нееднаквост и климатските промени. Повелбата е повик граѓанскиот активизам да го заземе своето вистинско место на неформален, но, неопходен контролор врз нас политичарите и функционерите за да работиме за општото добро.

Со оваа Граѓанска повелба кон која низ годините пристапија многу слободоумни граѓани и граѓански здруженија, се потврдуваат правата и слободите што ни припаѓаат на сите нас, како што се слободата на собирање и здружување или слободата на изразување, според која секој има право да ги споделува, да ги дискутира, и да ги промовира своите ставови и идеи, да ги поддржува идеите на другите или да изрази несогласување.

Овие слободи се клучни за втората активност на ЦИВИЛ за која сакам да зборувам, а тоа се заложбите за медиумската слобода. Во услови на повеќегодишен медиумски мрак, ЦИВИЛ го лансираше проектот „Граѓански објектив“ што имаше за цел преку граѓанско новинарство да придонесе кон ослободување и деконтаминација на медиумскиот простор и охрабрување на граѓанките и граѓаните да градат слободно општество.

Со граѓанскиот објектив, ЦИВИЛ придонесе кон јакнење на слободата на изразување и медиумската писменост. Со бројните конференции, трибини, кампањи и публикации, вие правите една многу вредна работа – ја едуцирате македонската јавност и ја промовирате културата на дијалог.

Слободните медиуми се еден од предусловите за вистинска демократија. И тука доаѓам до третиот сегмент за кој би сакал да зборувам, а тоа се слободните демократски избори. Веќе 11 години, од 2008-та, ЦИВИЛ спроведува изборен мониторинг со нови, ефективни методологии за набљудување и граѓанска едукација за гласачкото право. Залагајќи се за демократија и правна држава, вие во нашиот систем ги вградувате напредните европски стандарди и критериуми, што се важни за европските интеграции.

Четвртата група на проекти адресираат една особено актуелна тема, а тоа е заштитата на животната средина. Со години наназад сме сведоци на видливите негативни трендови во оваа област и затоа мораме да делуваме итно и во континуитет. Загадувањето и климатските промени се наша реалност денес, која влијае врз нашиот квалитет на животот, здравјето, економските процеси, врз инфраструктурата.

Пред неколку недели се сретнав со претставници на десетина граѓански организации и иницијативи кои ми се обратија за поддршка во оваа област. Како  претседател јавно ќе повикам на зголемен ангажман на повеќе надлежни органи заради ублажување на негативните ефекти кои сите ние ги чувствуваме. Знам дека ЦИВИЛ многу работи на ова поле, а еден од поновите проекти наречен „Зелените доаѓаат“ дава свеж моментум за зелената агенда во Северна Македонија.

Кревајќи ја свеста на јавноста за реалните прашања и проблеми кои не секогаш се видливи на политичкиот фронт, граѓанскиот сектор им помага на граѓаните да го обликуваат општеството и со тоа директно придонесува кон нашите напори за трансформација во прогресивна и просперитетна држава.

Очекувам дека и во периодот што ни претстои ќе продолжиме да градиме демократска држава во која успехот на едниот нема да биде на сметка на успехот на другите и во која законите ќе важат за сите – подеднакво. Во која ќе се штитат правата и слободите наместо привилегиите. А во основата на нашиот заеднички потфат за слободно и праведно општество да остане достоинството на човекот и граѓанинот.“, изјави претседателот Стево Пендаровски на свечениот настан на дваесет годишнината на ЦИВИЛ.

Претседателот Стево Пендаровски, на својата Фејсбук страница сподели импресии и фото албум од Конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“ посветена на постигнувањата, предизвиците и перспективите на граѓанското општество, на која тој учествуваше како почесен говорник.

Д. Тахири

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ