• Latest
Добро утро со Орданоски

Ќе ја потопи ли Данела и ВМРО-ДПМНЕ?

October 28, 2021
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Ќе ја потопи ли Данела и ВМРО-ДПМНЕ?

Во моментов, успешната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори за Скопје се заканува да се „распара“ по сите шевови, токму заради ризикот на игрите со лажните „независни кандидати“, за кои не можете да ја утврдите автентичноста на ставовите и уверувањата не само за купувањето нов автобуски возен парк за градот (и слични буџетски фантазии), туку и за тоа чиј државјанин е

October 28, 2021 06:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ИЗБОРИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Во првиот круг од локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ го надигра својот главен противник СДСМ во стратегијата за освојување на градоначалничкото место во Скопје: ја исфрлија „независната кандидатка“ Данела Арсовска како непартиска понуда до скопјани, така оставајќи го партискиот кандидат Петре Шилегов на ветрометината во предизборието да ги образложува и брани и партиските политики на Владата и Градот Скопје, додека г-ѓа Арсовска со „свежината“ на својата формално независна кандидатура постојано се дистанцираше од „калта“ на меѓупартиската конфронтација во македонското општество, следејќи го расположението во јавноста (особено во Скопје) за здодеаност од тие вообичаени препукувања и континуирани меѓупартиски дискредитации.

Таквата стратегија на опозиционерите им донесе одлични резултати во првиот круг на гласањето, со своите ефекти „прелевајќи“ се не само во Скопје: сите изгубија гласови на своите коалиционо-партиски конта, СДСМ неспоредливо најмногу!

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ уредно си го преплави Шилегов со секојдневни обвинувања за ова-и-она, па додека тој трошеше десетици часови по прес-конференции и телевизиски дуели за одбрана од партиските напади, Арсовска доби маневарски простор да се претставува како згрозена од поделбите во општеството и да се промовира во морално-политичка „Мајка Тереза“ заради однесувањето на партиите. Дури и одби директен дуел и соочување со Шилегов, со збирно образложение дека, и од позиција на воспитана и навредена дама, тој не ѝ е „ниво“ за разговор.

Но, унгарската почесна конзулка – за чиј своевремен избор и на чело на една од стопанските комори, не е тајна, „одработи“ администрацијата на сегашниот бегалец во Будимпешта – на пет-шест дена од гласањето во вториот круг од изборите за Скопје сега е персонално вовлечена во контроверза што директно задира во нејзиниот морално-политички кредибилитет. Имено, не е страшно кој било граѓанин на Македонија да има и друго, секако и бугарско државјанство, но е нечесно и политички некоректно – и воопшто, а и заради познатите собитија во актуелните македонско-бугарски односи – тоа да не ѝ се соопшти на јавноста пред започнувањето на кампањата за избор на една од најважните политички функции во државата, онаа на чело на Скопје.

СДСМ упорно, а од вчера и од највисоко ниво (Заев беше дециден во „Утрински брифинг“), тврди дека Арсовска поседува такво државјанство. ВМРО-ДПМНЕ ургентно (и повторено) партиски ја демантираше оваа информација врзана за „непартиската“ кандидатка Арсовска. Самата „независна кандидатка“, пак, го исклучи телефонот по попладневната објава на документот за бугарското државјанство на извесната „Даниела Арсовска“ (вртевме да добиеме реакција, линијата остана „глува“), за дури вечерта во телевизиски настап прилично немушто и на повторено инсистирање на водителот на разговорот да го негира тврдењето на СДСМ.

Вчера, пак, на прес-конференција опширно и емотивно се осврна на целата контроверза, оценувајќи ги како „безумие“ нападите од СДСМ, најавувајќи тужба за невистините кои ги шират „за да ги спасат своите кариери и функции“ нејзините „непријатели“ Шилегов и Заев, сега веќе и обвинувајќи ги за „продажба на македонските национални интереси“…

Пет минути по таа прес-конференција, СДСМ објави фотографии и податоци од бугарска лична карта на „Даниела Арсовска“ – а, на сликата, недвојбено, е „непартиската“ кандидатка Данела.

Контроверзата тукушто доби нови димензии!

Моите извори во ВМРО-ДПМНЕ ми „шепнуваат“ неколку дена по ред дека во врвот на партијата владее извесно „ладење“ на односите кон Арсовска. Таму ставот, разбирливо, на два дена пред изборниот молк, наводно е дека „дајте сега таа да победи, па ќе видиме после што ќе правиме со неа“…

Навистина, што да правиме ние, граѓаните-гласачи на Скопје, со г-ѓа Данела Арсовска? Бидејќи, „имперфекцијата“ на кандидатот Шилегов ни е кристално јасна, но за Арсовска веќе ништо не е јасно: Чиј кандидат е, всушност, таа? Што претставуваат нејзините заложби „да се гледа напред“, ако „гледањето назад“ е исполнето со нејаснотии од суштински карактер? Можеме ли да бидеме сигурни за тоа кој лаже во сторијата за нејзините државјанства, бидејќи импликациите ќе имаат сериозни домашни, а и чувствителни меѓународни политички импликации? (Софиски „Труд“ известува за бугарската јавност дека Бугарка „вербално се линчува“ во Скопје…)

Зборот ми е, во моментов, успешната стратегија на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори за Скопје се заканува да се „распара“ по сите шевови, токму заради ризикот на игрите со лажните „независни кандидати“, за кои не можете да ја утврдите автентичноста на ставовите и уверувањата не само за купувањето нов автобуски возен парк за градот (и слични буџетски фантазии), туку и за тоа чиј државјанин е.

Да потсетам („по темата“), минатиот викенд Христијан Мицкоски имаше интервју за бугарската агенција БГНЕС во кое вели дека „немаме право да се лутиме на Бугарија, бидејќи е нормално таа да си ги штити своите интереси“, туку дека „она што навистина боли е што Македонија е раководена од луѓе кои се подготвени сѐ да прифатат, за сѐ да се пазарат“, директно обвинувајќи го Заев дека се користи „со измами и трикови“ за да остане на власт.

Хмммм… Многу несреќни „коинциденции“ се стекнаа околу градоначалничките, политички амбиции на Данела Арсовска коишто упатуваат на вмровски „измами и трикови“ во нејзината кандидатура. Нејзиниот избор носи неизвесност, а може да ја потопи и ВМРО-ДПМНЕ во нејзиниот обид за политичко закрепнување.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ