• Latest
Војо Маневски

Ќе прави ли некој слатко од цреши оваа есен?

July 22, 2025
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ќе прави ли некој слатко од цреши оваа есен?

July 22, 2025 12:17
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ   

Слатко од цреши и тоа послужено во кристално чинивче беше доказ за нивото на пристојноста на домаќинката. Ако во послужувањето со кифличките додадена вредност е и пекмезот од кајсии, е тогаш успешноста на семејството е потврдена со двоен АА кредитен рејтинг во поширокото семејство и сериозната околина.

Ако ви се чини дека пишувам спомени – имате право, иако намерата ми беше да го коментирам најавениот ребаланс на буџетот. Министерката за финансии често, малку нервозно, се обидува да оправда некои одлуки на министерството за финансии со неекономски аргументи, оправдувајќи ја својата одлука со општото објаснување „тоа е политичка одлука“. Ако има нешто што ја води оваа држава назад и го загрозува нејзиниот опстанок, тоа е политичката одлука на лица кои не се политичари, туку низ партиската томбола заземаат највисоки места во државната администрација.

Ако можам да поставам само неколку прашања околу оваа тема?

Ако црешите чинат пет евра, а кајсиите два евра помалку – колку ли ќе чини слаткото или пекмезот? Овде не ги пресметувам шеќерот и потребната енергија за целиот процес, и плус нервозата на домаќинката што сето тоа треба да го направи. Овој дел го ставам во делот кој даночните власти го нарекуваат даночна политика. Ако скоро два килограми се потребни за килограм сладок производ, намалено спакуван во тегла од осумстотини грама, домаќинската анализа вели дека во продавница ќе чини над десет евра – или во превод: „ќе купи само оној што може.“

Ај да преведам на речник на објаснувањето на министерката за финансии. Цената на нашата државна администрација во почетната ставка е толку голема што резултатот од нејзината работа – ретко кој веќе може да ја плати. Овде не мислев само на бирократијата за која надлежниот министер изјави дека 40% од нејзиниот состав не работи, не доаѓа на работа и во краен збир не е дел од зададената задача за која треба да се плати од заедничкото џебче, „научно објаснето“ како движење на буџетот. Мислам и на големиот број на пензионери кои треба да добиваат пензии за да преживеат, и на другите трансфери кои се нужни за да опстане заедницата која будалетинки ја делат по сите основи. Да, ја делат за да го вградат својот дел, а не да се грижат како таа да опстане во целост. Тие си го гледаат својот интерес и овде нема замерки.

Прашањето е: каде е интересот на граѓаните и зошто тие не си го штитат својот интерес, туку се претвораат во безлична маса на гласачи, што не се навредува веќе ниту кога ја пцуеш, ниту кога ја крстиш како клиентелистичка братија. Веќе ниту пцуе, ниту галами – а само гледа во празно и се занесува од партија до партија.

Да се вратам на ребалансот. Тој не е ништо друго туку менување на приоритетите во плаќањето на обврските на министерството за финансии. Од некаде ќе се скрати за да се закрпи таму каде недостасува. Но, ако седум министерства не прават веќе два месеци никакви плаќања затоа што го исцрпеле својот дел од буџетот и сега чекаат средства кои за друго биле планирани – очигледно е дека пари нема доволно. Овој заклучок не бара некое посебно ниво на знаење, туку само следење на плаќањата кон правните и физичките лица. И што е уште по алармантно – секоја година ни се повторува истото, и тоа без разлика кој е носител на власт во државата. Едноставно, што би рекол Љ.Г. – „трошиме повеќе од што заработуваме“. А богами и не си ги извршуваме во целост обврските кон буџетот подеднакво. Никако да го намалиме процентот на сива економија под една третина од БДП. Законот за легализација на незаконски изградените објекти се претвори во убава можност на криминалната заедница од секакво потекло и прекар, да ја избегне обврската кон буџетот и да си го зголеми своето џебче. Тоа што граѓаните легализираа некои додадени тераси и помошни објекти во дворовите е во стилот на изреката „мижи Асан да ти баам“.

Она што ѝ преостанува на министерката за финансии е да пресипува од еден во друг џеб и да објавува огласи за домашно или странско ново задолжување. Иста мета, исто растојание – секоја година веќе три децении.

Малешевците велат: „това бачило такво сирење дава“. Ако со децении избираме власт која не донесува напредок туку назадок – кој е виновен, почитувани мои сограѓани? Оној што на крајот ја плаќа сметката. Граѓаните ја носат вината за својот лош избор затоа што не се способни да бидат граѓани, туку и понатаму остануваат поданици. Поданиците ги исполнуваат барањата на господарите. Епа, чорба Македонче – за слатко од цреши и пекмез од кајсии ќе почекаш, и тоа ако ти дадат господарите.

На крајот, едно прашање до јавноста: Зошто жените кога ќе видат гол маж ја покриваат устата, а не очите? А министерката е дама.


Текстот е личен став на Авторот.

Tags: Министерката за финансииребаланс на Буџет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ