• Latest

Ќе се стабилизираат ли цените? – За Германците рестораните станаа луксуз, во Србија рекордно поскапување на млекото

November 28, 2022

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ќе се стабилизираат ли цените? – За Германците рестораните станаа луксуз, во Србија рекордно поскапување на млекото

November 28, 2022 14:34
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Годишната инфлација во еврозоната повторно забрза во октомври, а со тоа растот на потрошувачките цени на годишна основа достигна ново највисоко ниво од воведувањето на заедничката европска валута во 1999 година. Евростат ја пресметува инфлацијата од 1996 година. Во споредба со септември, потрошувачките цени на крајот на месецот се зголемија во просек 1,5 отсто, што е благо забрзување на месечна основа, покажува табелата на Евростат.

А во октомври најголема поддршка за растот на цените даде енергетиката, која поскапе за 41,9 отсто во однос на истиот месец лани, а 6,5 отсто во однос на минатиот месец.

Во септември цените пораснале 40,7 отсто на годишна основа. Забрзан е и растот на цените на храната, алкохолните пијалаци и тутунските производи, на 13,1 отсто од 11,8 отсто во септември.

До крајот на годината ќе се намали инфлацијата на 14,3 проценти

Народната банка на Македонија предвидува помал економски раст, кој според основното сценарио, би бил 2,3 проценти, а идната година 2,6 проценти, додека, според второто сценарио растот годинава би достигнал околу два процента, а следната до 1,8 проценти. Денеска продолжува и расправата за Предлог-буџетот за 2023 година со кој власта најавува одржување на економскиот раст на ниво од 2,9 проценти.

Есенските проекции на централната банка покажуваат дека до крајот на годината инфлацијата ќе достигне ниво од 14,3 проценти, а следната година се очекува постепено забавување на ниво од 8 до 9 проценти. На среден рок, инфлацијата ќе се намалува сведувајќи се на 2,4 проценти во 2024 година и на 2 проценти во 2025 година. Централната банка не очекува квартален пад на економијата.

Приближно, во овие рамки се движи и инфлацијата што ја предвидува власта со Предлог-буџетот каде е на ниво од 7,1 процент.

Од Народната банка нагласуваат дека ризиците околу растот остануваат надолни и во голема мера ќе зависат од движењата во европската економија.

– Ризиците за проекциите се оценуваат како изразено надолни и се поврзани со надворешното опкружување особено со текот на војната во Украина и импликациите на глобалните пазари врз примарните производи и врз растот на европската економија. Овој неизвесен глобален контекст уште повеќе ја потенцира потребата за водење на прудентни домашни политики, нагласи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Инфлацијата се должи на увозната зависност

Разликата во инфлацијата кај нас со онаа во земјите од Европската унија, според Ангеловска-Бежоска, се должи на неколку фактори како што се поголемата увозна зависност на нашата економија, особено на енергенсите, како и поголемиот удел на храната и енергијата во потрошувачката кошничка.

– Нашата увозна зависност и степенот на трговска отвореност на нашата економија е значајно поголем во споредба со Европската унија. Кај нас трговската отвореност е 140 проценти од БДП, а во ЕУ 70 проценти. Вториот важен фактор е голема увозна зависност во енергетскиот сектор, а нашата економија во споредба со европската е поенергетски интензивна. Третиот значаен фактор е потрошувачката кошничка, односно кај нас на храна и енергија отпаѓа околу 50 проценти, а во ЕУ околу 30 проценти. Оттука јасно е дека ист глобален шок ги погодува сите економии, но интензитетот со кој ги погодува, зависи од голем број домашни фактори, посочи Ангеловска-Бежоска.

Раководството на централната банка уверува и дека денарот ќе остане стабилен за што показател е високото ниво на девизните резерви кои тековно се на ниво од 3,7 милијарди, а очекувањата се дека тие ќе продолжат да растат.

Млекото во Србија за една година поскапело за 40 проценти

Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Србија во октомври 2022 година се зголемени во просек за 1,9 проценти во однос на септември, додека во однос на истиот месец лани се зголемени за 15 проценти, објави Републичкиот завод за статистика.

Цените на енергентите продолжуваат значително да ја „туркаат” инфлацијата нагоре. Така, струјата, гасот и другите горива се поскапи за 19,2% во однос на лани во октомври, додека цврстите горива – јагленот, пелетите и дрвото се поскапи за 48,9%. За една година храната е поскапена за 23,9%.
Меѓу „рекордерите” по поскапувања се млекото, млечните производи и јајцата, за кои официјалната статистика наведува дека поскапеле за цели 39,6 отсто.

Потоа следи поскапување на рибата за 25 отсто и лебот и житариците со поскапување од 23,5 отсто.
Зеленчукот за една година поскапел за 22,3 отсто, кафето, чајот и какаото со поскапување од 21,7 отсто, а месото е поскапено за 19,3 отсто.

Услугите за сместување во хотелите се поскапи за 37,1%. Реалната станбена кирија е повисока за 27,3 проценти, а средствата за одржување на станот се поскапени за 23,3%, додека медицинските услуги (неболничките) поскапеле за една година за 13%.

Во Турција храната поскапела 99 отсто за една година

Инфлацијата во Турција порасна во октомври 17 последователен месец, достигнувајќи 85,5 отсто на годишно ниво, водена од понатамошниот скок на цените на храната и енергијата, покажуваат официјалните статистички податоци.Потрошувачките цени на месечно ниво забележале раст од 3,54 отсто.

Цените на храната во Турција минатиот месец биле за 99 отсто повисоки отколку во октомври 2021 година, трошоците за живеење пораснале за 85 отсто, а транспортот за 117 отсто, објави турскиот завод за статистика.

Индексот на цените на домашните произведувачи забележал раст од 157,69 отсто на годишно ниво и 7,83 отсто на месечно.

Драматичниот раст на трошоците за живот во земјата од 85 милиони жители продолжува со несмалено темпо речиси две години, заедно со значителната девалвација на националната валута лирата.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не дозволува кревање на клучната каматна стапка, при што инсистира на ставот дека тоа би ѝ наштетило на економијата. Економистите и критичарите, пак, наведуваат дека неговата политика ѝ штети на лирата, дека поттикнува инфлација и ја разгорува валутната криза.

Платите во Бугарија не само што не растат, туку дури и се намалуваат

Реалниот раст на БДП во Бугарија се предвидува да биде 3,1 отсто оваа година и 1,1 отсто во 2023 година. Според Европската комисија номиналните трошоци за труд по единица производ силно се зголемиле во последните години и се очекува да продолжат да растат со многу висока базична инфлација, а тоа води кон стагнација па и намалување на дел од платите.

-Задолженоста на претпријатијата е придружена со високи ликвидносни бафери, што ги ублажува ризиците, но има и нефункционални кредити. Односот на долгот на домаќинствата кон БДП е под границата, но променливите каматни стапки за станбените кредити претставуваат опасност за потрошувачите, се посочува во оценката на Комисијата.

Инфлацијата во Бугарија во септември и го достигна највисокото ниво во изминатите 24 години, соопшти Националниот статистички институт.

Потрошувачките цени се зголемија за 18,7 проценти на годишно ниво во септември, побрзо од растот од 17,7% во август.

Последната висока инфлација, наводно, била највисока од мај 1998 година, кога изнесувала 18,8 проценти.
Само трошоците за комунални услуги се зголемија за 30,6 отсто на годишно ниво во септември, а цените за храна и безалкохолни пијалоци се зголемија за 25,5 отсто.
На месечна основа, потрошувачките цени во септември се зголемија за 1,2 отсто.

Германците поради инфлацијата се откажаа од ресторани

Драматичниот пораст на цените ги принуди Германците да штедат и да ги променат своите потрошувачки навики на разни начини. Според анкетата на компанијата за истражување на пазарот „Нилсен“, која опфати 10.000 луѓе, повеќе од половина од потрошувачите (52%) ги купуваат само неопходните производи.

Околу 44% рекле дека се откажале од производите кои служат само за забава или луксуз, а 31% намалиле со посети на ресторани и место тоа, јадат дома.

Околу 30% испитаници одговориле потврдно на прашањето дали пазаруваат помалку.

-Луѓето применуваат и разни други стратегии на штедење. Повеќе ги споредуваат цените, обрнуваат повеќе внимание на специјални понуди, се префрлуваат на поевтини производи или почесто купуваат на попусти“, вели експертот од „Нилсен“, Лотар Штајблин.

Многумина ги менуваат и своите потрошувачки навики, па користат маргарин место путер и пијат вода од чешма место минерална вода.

Според ова истражување, само 10% од германското население не е загрижено за инфлацијата, главно оние со високи приходи.

С.Танеска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ