CivilFest
Categories

КУЛТУРА „Кино утро“ за најмладите во Кинотека

Кинотеката на Македонија и овој зимски распуст за најмладите ќе ја организира филмската програма „Кино утро“ од денеска до 20 јануари.

Ќе почне со филмот „Мравко“  – приказна за 12-годишниот Пеле кој откако е каснат од мравка добива моќ и се претвора во суперхерој Мравко. Филмот е синхронизиран на македонски и ќе биде прикажан и на 15 јануари. Почетокот е во 12 часот.

Утре и на 16 јануари на програмата е анимираниот „Облачно со можност за дожд од ќофтиња“, на 11-ти и 17 јануари – „Малите виленици Пикси“, на 12-ти и 18 јануари – „Мармадјук“ и на 13-ти и 20 јануари – филмот „Змејска топка 2“.


извор: МИА


Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Одговорноста за редакциското опремување на текстовите (наслов, наднаслов, фотографија, тагови) е на ЦИВИЛ Медиа.

Print Friendly, PDF & Email