поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Добро е што, конечно, за кривично дело се осомничени еден директор и четворица негови соработници, затоа што наредил една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа, а да биде ангажирана за партиски активности.
Само дали и кога кривично ќе одговараат и тие што десетина години плаќаат илјади евидентирани само за да гласаат за ДУИ, па дури и еден заменик на Премиерот со месеци да зема плата без да се јави на работа.
Дали и кога Теута Арифи и нејзиниот директор на ЈКП, ќе одговараат, зашто заедно евидентирале околу илјада вработени од кои голем дел не доаѓаат на работа?
Не случајно со наши уши слушаме, не од Ел Чека, туку од неа лично, како категорички одбива да го спроведе и меѓупартискиот договор, местото директор на ЈКП да го отстапи на ВМРО, а сигурно не би го отстапила ниту на СДСМ.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.