• Latest

Кога работата е „врвка“

April 10, 2016
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Кога работата е „врвка“

April 10, 2016 19:01
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Понекогаш, кога си во беља до гуша, понатамошното влошување на состојбата, како резултат на повеќегодишниот континуитет, ти се чини како нешто сосем нормално. Прашање на навика. Додека овие денови бевме во можност видиме како во Исланд за скандалот со корупција стана народот и го натера премиерот во рок од неколку дена да поднесе оставка, кај нас се украдени стотици милиони и направени стотици кривични дела, а со години никој не одговара. Секој со своите “навики”.

Shkruan:Petrit Saraçini
Пишува: Петрит Сарачини

Без да се исполнат условите за слободни избори и точките од Договорот од Пржино, власта арогантно и еднострано, како што навикна во текот на годините, преку нечесни избори на 5 јуни се обидува да се спаси себе си од едногодишната агонија која започна со објавувањето на бомбите на опозицијата, и повторно да се реобнови. Началниците и пастирот проценуваат дека оваа нивна “агонија” е доволна за да се отплати долгогодишната вистинска агонија што тие им ја предизвикаа на стотици илјади граѓани на Македонија.

СЈО работи, но судството е во рацете на тефтер-кадиите. Циркус се одигра во Уставниот суд со овозможувањето на помилување за изборни криминалци, циркус со Уставот се играше и кога се распушташе парламентот. И не пропадна светот. Ништо не мрдна ни кога пукна во ДУИ и Али Ахмети ги смени сите министри. Работата не стана „голема“ ниту кога ДИК го претвори во фантом и го повлече претходно објавениот список со проблематични гласачи-фантоми, кој сведочеше за големи аномалии на Избирачкиот список, преку илјадници пријави поднесени од страна на граѓанките и на граѓаните до ДИК, до ЦИВИЛ и други организации кои се вклучени во набљудувањето на изборите, до медиумите. За секојдневните повреди на човечкото достоинство, говорот на омраза и очигледната пропаганда на медиумите на власта, никој и не зборува веќе. Доволно беше што опозицијата почна да ја има по малку во овие медиуми, за да се прогласи “демократска атмосфера” во медиумите, зошто да не?

Како ќе се развиваат работите понатаму? Простете што нема да бидам оптимист, како што впрочем и не сум овие денови. Ми се чини дека нема да има компромис. Повеќе од веројатно е дека ќе имаме нецелосни, бојкотирани избори на 5 јуни и понатамошно продлабочување на кризата.

Постои можност да се постигне договор, но таа ќе зависи во голема мера од нивото на посветеност и одлучност на граѓаните, како и од реалниот притисок на јавноста врз далдисаните властодршсци. Доколку се види таков притисок на општеството, преку протести и други видови на дозволени демократски средства за жестока конфронтација со власта, тогаш и за меѓународната заедница, која е исто така клучна за канализирање на кризата кон излезот, ќе биде пооправдано да се заложи за да ја убеди, пред сè власта, да го спроведе политичкиот договор, да престане со киднапирањето на институциите и да го ослободи општеството, додека одложувањето на изборите да се искористи за понатамошни вистински реформи, во медиумите, институциите, судството, изборниот законик и други закони. Но, гледајќи го моменталниот однос на силите на теренот, но исто така и како власта ја користи глобалната криза со бегалците, лобирањето со парите на граѓаните на меѓународната сцена и други начини за да создаде  “конструктивен” меѓународен имиџ, скептичен сум дека оваа акција на меѓународната ќе се реализира, без вистински притисок на граѓаните однатре.

Сепак, дури и ако не се постигне набрзо моментумот за промена, по (бојкотираните) избори на 5 јуни и неизбежното продлабочување на политичката криза, избори ќе мора да има повторно следната година. Локални секако, што може да се трансформираат во општи избори, бидејќи собранието на едноумието тешко дека ќе опстане долго. Но, до тогаш, ќе мора да се променат и направат многу работи.

Како ќе се одвива овој процес ќе зависи многу од работата на Специјалното обвинителство и на судството за случаите кои ќе се процесуираат од прислушувањата , и евентуалните притисоци на власта во овој поглед. Начинот на кој судот ослободуваше или не изрекуваше притвор за некои од клучните лица во поранешната влада на Груевски, не ми дава за право да бидам оптимист ниту во оваа насока. Дури, нема да биде неочекувано ниту можното укинување на СЈО од страна на Уставниот суд пред изборите, или од собранието на ВМРО и ДУИ, по нив. Ако не успееме да ја заштитиме оваа институција, која во моментов го претставува единственото светло во тунелот, можеби односот на власта кон СЈО ќе биде нов импулс кој ќе ги разбуди луѓето и ќе им покаже дека со оваа криминализирана елита, дијалог може да се води само на судско рочиште. Но, се чини, во некои други времиња, откога ќе се ослободат институциите.

За единствениот начин за излез од кризата сме зборувале одамна. Тотално обединување на сите слободољубиви сили во Македонија без оглед на припадноста, и рушење на власта на началниците. Потоа, сите заедно да работат на радикална реформа на системот базирана на целосна рамноправност на сите граѓани, ослободување на институциите и општеството. Криминалците да се осудат, да се вратат парите, а кога ќе бидат создадени условите за вистински слободни избори, опциите нека се измерат пред граѓаните, и нека победи најдобриот. Прекрасна теорија и заложба, што во пракса секогаш затајува, бидејќи сите тие што декларативно сакаат да ја видат нејзината реализација не се обединуваат, туку дејствуваат преку различни “стратегии“, главно неуспешни.

Значи, додека не се случи тоа обединување наспроти мултиетничката коалиција на криминалот, не очекуваат уште потурбулентни денови, и продлабочување на кризата, пред да се излезе од неа. А излезот? И тоа ќе дојде, кога ќе го посакаат и кога на тоа попосветено ќе работат многу повеќе самите граѓани. Конечно, треба да се сфати, дека на оние во Исланд не им ја реши работата ниту Бејли, ниту Орав, ниту пак Брисел или Вашингтон. Исланѓаните сами си ги решаваат работите. Но, тие не се ниту „индијанци“, ниту пак дозволуваат да ги водат овчари, пардон пастири. А што сме ние, ќе видиме наскоро.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ