• Latest

Кога студентите ќе стивнат

November 18, 2024

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Кога студентите ќе стивнат

November 18, 2024 14:12
in ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Свечено, со низа активности денеска на УКИМ во Скопје ќе биде одбележан 17 Ноември – Меѓународниот ден на студентите. Настанот ќе го удостојат со пригодни обраќања и претседателката Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, а обраќања ќе има и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

И секако, не изостана соопштението од Центар за комуникации на владејачката ВМРО -ДПМНЕ, кое не отстапува од веќе видените „ЌЕ“ соопштенија дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „ЌЕ“ го зголемува Студентскиот стандард, и дека врвен приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се младите и образованието, а тоа „ЌЕ“ се зголемува секоја година. Само не оваа. Издржете само уште оваа година. Од наредната „ЌЕ“ тече мед и млеко.

Во меѓувреме, студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје од оваа академска година се соочија со зголемени дополнителни давачки покрај партиципацијата, односно школарината за студирање. Па така, од овој зимски семестар, во насоките за упис, студентите забележале нови трошоци кои треба да ги уплатат на сметката на факултетите. Зголемувањето на сумите некаде се движи и до 1.500 денари повеќе од она што се плаќало до минатата академска година.

Ни „криви ни должни“, ниту известени, во новата академска година студентите плаќаа дури за 5.000 денари поскапа академската година, преку двете нови самоволно донесени уплатници: „Набавка на on-line ресурси за реализација на студиските програми“ и „Набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми“. Никој од горенаведените говорници на денот на студентите, но ниту од самите студентски здруженија, кои треба да ги застапуваат студентите, не се огласија по нововоспоставената давачка на грбот на студентите.

Забележително е и отсуство на реакција за висината на надоместокот за студентски оброк, зацементиран во висина од 140 денари на ден, средства недоволни за пристојно да се прехрани еден студент, во услови кога цените на храната и пијалоците во малопродажба вртоглаво расне. Според статистика, цената на зеленчукот се зголемила за 47.7 отсто, а цените од поодамна ги крена и студентското бифе, по 20/30 денари на еден оброк. Дури и полигонот за обука на возачи, доколку некој студенти сакаат да полагаат за возачка, е качен од 200 на 250 денари. Само сумата за субвенционираниот студентски оброк остана иста, 140 денари. Бурек и јогурт. Еднаш на ден.

Сега студентите и студентските здруженија и организации „ќутат“. Никако да се одважат и организирано да кренат глас, да излезат на протест во одбрана на своите студентски права, за подобар животен и студентски стандард, како што во ноември 2022 година, по протестите на студентите, откако претседателите на сите Универзитетски собранија се договорија за заеднички настап и преку договор со тогашната власт успеаја да издејствуваат студентскиот оброк да се покачи за 20 денари, од 120 на 140 денари.

Со доаѓањето на власт н ВМРО – ДПМНЕ како да замреа сите активности, акции, протести, дебати во  насока на остварување на студентските барања.

Кој ги замолча студентите, кои пред само 10 години со својот активизам и слободоумност беа движечка сила во (заробеното) општество.


Текстот е личен став на авторот.
Tags: ВМРО - ДПМНЕМеѓународниот ден на студентите.студентистудентски стандард
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ