• Latest

Кој да збори сега за национализам бе!

August 2, 2018
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Кој да збори сега за национализам бе!

August 2, 2018 09:00
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дали знаете една песна на албански јазик, а да не е „Шоте машала“, или „Рока мандолинен“? Песни, или поточно „музики“  избрани уште од минатиот, комунистички систем, за претставување на албанската (тогаш не нарекуваа народности сите што не бевме народи по југословенски терк) заедница, по разни прослави на државни празници, на секоја училишна прослава покрај другите песни и ора на другите заедници, и коишто „музики“ сè уште се сметаат за единствените мелодиски и вокални достигнувања на, во овој случај, Албанците.  Ова би било моето прашање до сите Македонци од македонско потекло, како одговор на „попевките“ за национализмот кај себе и другите,  и иницирање на реална дебата и соочување со национализмот иницијално кај себе, па потоа кај другиот.

пишува: Дијана Тахири

Зошто, на мои 48 години, сè уште има (многу) луѓе што замолчуваат откако ќе престанам да зборувам на македонски јазик и се префрлувам на албански јазик ако ми се јави некој на мобилен, или ако се обратам на некого што збори исто така на албански, на пример во такси, во супермаркет, не знам каде… Ова би било моето второ, од сто и педесетте прашања до сите Македонци од македонско потекло, како одговор на се што ќе се сетите да кажете за национализмот, секако, кај другиот.

Зошто господинот Заев им се заблагодари на помалкубројните заедници за поддршката кон повеќебројната заедница,  а мислеше на Албанците, за промена на името на Република Македонија, во манирот – „ни помогнавте на нас Македонците полесно да влеземе во ЕУ и НАТО“? Зошто мисли дека другите се индиферентни кон својата иднина, но се сензитивни кон иднината на Македонците? Или сами ќе одите во Европа и НАТО, па другите, ако сакаат…

Знаете, овие неколку редови што ги прочитавте, се дел од корените на национализмот против којшто се води гласна и тешка борба, но истиот тој национализам,  се негува тивко, стихијно, во речиси секој дом, улица, до институциите и државниот врв. Искрено, текстов е банален и „веќе видено“ по израз и некакво интелектуално мерило во бунаров од високи интелектуалци и интелектуални мисли што се преплетуваат, заплетуваат и сопнуваат едни од други, а се почесто и од самите себе.

Ја знаете ли песната „Македонско девојче, китка шарена“? Каде и да одам по бившите југословенски простори, кога ќе им кажам дека сум од Македонија, ми велат – „ааа“, и почнуваат да пеат… „Македонско девојче…“, тоа им останало во сеќавање. И ајварот.

Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Share259Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ