• Latest

Кој е тука предавник, по ѓаволите?!

October 16, 2019

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Кој е тука предавник, по ѓаволите?!

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се штедат во борбата против добивање датум за преговори со ЕУ. Неуспехот на Северна Македонија во овој процес ќе биде аргумент за предвремени избори, во надеж дека ќе се вратат на власт, а нивниот газда „херојски“ да си ги земе клучевите од скапиот Мерцедес назад, а не да се вози во гепек во петпарачка кола. И никогаш да не станеме Европа.  

October 16, 2019 12:00
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Откако нивниот газда избега во гепек, како последен криминалец, скапата операција за уништување на шансите за прогрес на Северна Македонија само се интензивираше. Да, Груевски, актуелниот газда на киднапираното ВМРО-ДПМНЕ, вистинскиот газда. Тој, запишаниот, без адреса, како и неговите пиони од Пустец (!), во Избирачкиот список во петтиот изборен дистрикт на Будимпешта. „Гепекот“ е интересна илустрација за политичко-гангстерскиот профил на овој осуденик и неговата камарила. Ова е сторија за „патриотите“.

Не многу одамна, на Груевски му беше посебно важно да се појави на Фејсбук со (уште едно) долго и здодевно, секако и лажливо четиво, да нѐ убедува дека не побегнал во гепек. Какво его! Поважно му е да поверуваме дека не побегнал во гепек, отколку да најде објаснување за тоа дека побегнал. Секако, нема објаснување за тоа. А само некој ден пред тоа се јуначеше, ќе одел в затвор, само да престане „прогонот“ на неговите сопартијци. Убаво му го сплескаа, без пардон, неговите најблиски браќа и сестри од криминалниот клан веднаш по бегството.

Што сега Груевски, пак?! Па, тој изгледа сосема неважен среде вителот од надежи, стравувања, лобирања, пораки, преговори и договори во пресрет на конечните одлуки во Брисел, за тоа дали сега ќе добиеме датум за почеток на преговори или некој месец подоцна (јуни догодина). Имено, важен е, затоа што им се јавувал на свои контакти од Европската народна партија и со тоа ја комплетира сликата за тоа кој сѐ води жестока кампања за блокада на евроатлантските интеграции. Нему најмногу му е потребно уништувањето на македонската иднина и враќањето во минатото во кое тој се гледа себеси како неприкосновен владетел.

Мала дигресија, да се потсетиме, преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ се практично започнати од јуни 2018 година со техничкиот скрининг, но тоа никој не го забележа, намерно или не, среде вревата од црната антимакедонска пропаганда, помогната од Кремљ, а спроведена од „патриотите“. Да се вратам на сторијата…

Сосема е извесно дека вемеровските функционери испраќале „срцепарателни“ писма до клучни личности во Франција и Германија во кои се обидуваат да ги убедат дека Северна Македонија не заслужува да започне со преговорите за членство во ЕУ. Ги користат сите можни контакти и во други земји, кај сите што им се во тефтерчињата. Интересно, другарчето Орбан некако е резервиран и не се наоѓа на листата на политичари што се спремни да ги сослушаат. Веројатно, азилот што му го даде на нивниот газда го смета за повеќе од доволна услуга. Што е добро за нашата земја.

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се штедат во борбата против добивање датум за преговори со ЕУ. Неуспехот на Северна Македонија во овој процес ќе биде аргумент за предвремени избори, во надеж дека ќе се вратат на власт, а нивниот газда „херојски“ да си ги земе клучевите од скапиот Мерцедес назад, а не да се вози во гепек во петпарачка кола. И никогаш да не станеме Европа.

Дознавам дека ова лобирање имало контра ефект. Дури и оние што биле скептични кон давањето датум за преговори до пред некој месец, сега се цврсто убедени дека тоа може да значи враќање на нестабилноста во целиот регион. Вемеровските функционери со сите сили се трудат да ги убедат своите контакти барем да го одложат целиот процес до јуни 2020 година, што ќе им даде време да роварат уште поагресивно дома, против својата земја, за која велат дека толку ја сакаат.

Но, слаби се резултатите од оваа операција која, се разбира, се одвива во најстрога тајност. Во денешно време, таква масивна активност не може да остане тајна, особено затоа што европските политичари се свесни за валканите мотиви на овие „патриоти“. Многумина од нив се вчудовидени и непријатно изненадени. Со кого тоа толку време имале работа? Ваков пример немало во ниедна од земјите што го изминаа деликатниот пат на зачленувањето во ЕУ. Без оглед на тоа колку биле остро спротивставени политичките блокови во сите тие земји, вакво непријателско дејствување против интересите на сопствената земја не е забележано никаде.

Сепак… На некој чуден начин, Груевски и неговите пиони овде, всушност, ѝ помагаат на земјата против која работат. Додека ги пишувам овие редови, ми пристигнуваат нотификации за изјави на највисоки европски политичари кои безрезервно ја поддржуваат нашата земја и, меѓу другото, се обидуваат да најдат компромис со француските барања. Ни помагаат! Ете, пристигна и ратификација на протоколот за членство во НАТО од италијанскиот парламент (Grazie Italia!). Сигурен сум дека многумина се радуваат на овие вести, затоа што многу ќе значат за подобрување на животот, по разорните 11 години под јаремот на Груевски и Фамилијата, кои ги злоупотребија патриотските чувства и на луѓето во нивната партија и на сите други во земјата.

Само, сите овие денови, додека ги добивам информациите од разни центри низ Европа, како човек кој не може да изброи колку пати бил наречен „предавник“ во медиумите под контрола на азилантот, се прашувам – Кој е тука предавник, по ѓаволите?!

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ