• Latest

Кој лидер е популарен, а кој има рејтинг на анкетите

October 12, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Кој лидер е популарен, а кој има рејтинг на анкетите

October 12, 2023 12:45
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Агенциите за мерење на јавното мислење „Маркет вижн“ и „Стратум“ минатава седмица објавија анкети според кои двајцата партиски лидери и опоненти Христијан Мицкоски и Димитар Ковачевски имаат највисок рејтинг кај граѓанството. Се разбира едниот води според „Маркет вижн“, а другиот исто така, но според агенцијата „Стратум“.

Како што беше соопштено, рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, е во пораст и е речиси четири пати поголем од рејтингот на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

Од друга страна, според анкетата на Стратум, Ковачевски има највисок рејтинг помеѓу политичарите што се должи на резултатите од справувањето со економската и енергетската криза. Противречни резултати, но ете така велат анкетите.

Иако во медиумите циркулираат двата термина, „рејтинг“ и „популарност“ сепак треба да се прави разлика за што всушност се однесува анкетата на јавното мислење.

Ако анкетата се однесува на тоа кој политичар е популарен, тогаш тоа според Оксфорд речникот значи дека тој им се допаѓа или му се восхитуваат многу луѓе или одредена група на граѓани (liked or admired by many people or by a particular person or group).

Додека пак рејтингот има сосема поинакво значење. Тоа е класификација или рангирање на некого или нешто врз основа на компаративна проценка на нивниот квалитет, стандард или перформанси (a classification or ranking of someone or something based on a comparative assessment of their quality, standard, or performance).

Оттаму, популарноста се стекнува со јавен настап. Но рејтинг се постигнува со работа. Разликата е огромна. Со работа може да се зголеми рејтингот на некоја личност, но може и да се намали, затоа што старо правило е – кој работи и греши.

Во политиката, популарен може да биде некој што е често во медиумите, но тоа не значи дека има висок рејтинг.

За споредба, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски стана популарен врз основа на секојдневните изјави и гостувања на медиумите со повторување на тезите дека оваа Влада е корумпирана, дека нема да дозволи уставни измени и дека предвремени избори мора да има. Тоа значи станал популарен со јавен настап, во кој доминира вербалниот говор, или народски кажано- со празни зборови.

Сосема е поинаква проценката на јавноста кога станува збор за некој што е во позиција да работи. Нему не му се мери популарноста туку рејтингот. Односно колку и на каков начин успеал да реши одредени проблеми кои се наметнале во текот на неговиот мандат или да ги задоволи потребите на граѓаните. Затоа за рејтинг може да се говори за актуелниот Премиер и лидер на СДСМ. И не само за него. Не случајно значителен рејтинг во анкетите има и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, но и Зоран Заев поранешен премиер и лидер на СДСМ.

Заеднички именител на сите овие политички личности, без разлика дали биле политички противници или имале блиски или различни идеолошка матрица, е што биле на власт. Биле во позиција да мораат, повеќе или помалку, да одработат нешто за народот и за државата. Тоа значи дека нешто од тоа останало во колективната меморија на дел од граѓаните и тие на секоја анкета го препознаваат тоа и го вреднуваат.

Затоа е несоодветно да се споредува рејтингот на Мицкоски со рејтингот на Ковачевски и на останатите погоре наведени политички фигури, затоа што Мицкоски нема засега ништо направено во пракса, во политиката или во економијата, за да му се мери рејтингот. Тој може да е популарен, но за рејтинг треба допрва да се докажува.

Па сепак тој во политичката битка се бори за подобар рејтинг не само со својот актуелен политички противник Димитар Ковачевски, туку и со својот претходник кој постојано се појавува на анкетите и чиј рејтинг понекогаш е дури и повисок од неговиот. Тоа веројатно му пречи и тој реши да се справи со Никола Груевски и да го тргне од „анкетната“ политичка сцена еднаш за секогаш.

Со ваквата тактика, сега Мицкоски треба да се бори на јаваната сцена со најмалку двајца „докажани“ противници.

Со едниот кој тековно работи во име на граѓаните и државата и со другиот, кој во сеќавањето на оние кои го почитувале, останал како единствен лидер на партијата и како премиер, без разлика на тоа што се наоѓа во странство како бегалец од правдата.

Несомнено тоа ќе биде тешка задача за Мицкоски и неговиот ПР тим или на „машинеријата“ што Груевски (како што вели) му ја оставил во наследство.

Слабоста на Мицкоски е што е опозициски лидер веќе шест години и ниту еднаш се нема соочено со народот на избори за да го провери лично својот рејтинг. Никогаш не бил кандидат на листа на парламентарни или било какви избори. Секогаш се задскривал зад синтагмата „Шпицен кандидат“.

Негово прво соочување со граѓаните на избори веројатно ќе биде на наредните парламентарни избори, ако одлучи да се најде, односно да предводи партиска листа на кандидати за пратеници.

Својот рејтинг допрва ќе го гради, ако победи на изборите, но и ако формира Влада и стане премиер. Но рејтингот може и бргу да му падне ако не успее да освои 61 пратеник на изборите, што сам си го постави како цел.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: КовачевскиМицкоскирејтинзи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ