• Latest
Добро утро со Орданоски

Кој мисли зло не пее

May 4, 2021
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кој мисли зло не пее

May 4, 2021 07:20
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Секоја година, на 3-ти мај (вчера), кога „се паѓа“ Меѓународниот ден на слободата на медиумите, секое „пискарало“ (како мене) кое држи до себе во професијава наоѓа за потребно да каже некој мудар збор за важноста на таа работа (слободата на медиумите) за опстанокот на демократијата.

И: Ваистину воскресе! Слободата на медиумите во Македонија, денес. Толку многу, што станува опасно – за опстанокот на демократијата!

Ова е моментот во кој „брзите прсти“ на професионалните фејсбук-скрибомани (некакви луѓе кои по цел ден, како трутови – мажјаци во пчелното семејство, иако знаат да бидат и жени – одат од пост на пост и неуморно пишуваат свои коментари, како да немаат попаметна работа… а, можеби и немаат?!) ќе рипнат публично да ве расчеречат – а-хааа, ете го, го фативме! – за секоја запирка во текстот (најчесто, иако лично не се познавме, ми се обраќаат на ТИ), а си дозволуваат злобни, цинични, навредливи коментари за кои во секоја пристојна кафеана се превртуваат маси и столици: мајки, шајки, ти-ли-бе, колку-те-плаќаат (мене, пристојно), а што не пишеш за оној и за она, туку само за овој и за ова… Итн.

На времето – што ќе рече, пред дамнешни 3-4 години – во сите релевантни домашни и меѓународни извештаи, регистерот на реалното загрозување на слободата на медиумите во Македонија се движеше од селективно делење големи државни пари, преку државни закани, малтретирања и затворања, до разни видови институционални шиканирања. А, денеска? Превладува една забелешка: државата е спора и неволна во заштита на новинарите од закани и напади од разни будали. Најчесто, од истите оние кои, многу одамна, до пред 3-4 години беа со власта. Тук-там во некаков контекст ќе се спомне и МРТВ, но на таа тема веќе никој не ѝ придава големо значење, како што во дом на обесен за ортома не се зборува.

Денешнава демократска држава – оваа „на Заев“ – дува и на маштеница, па тукушто иницира правен статус новинарите да се третираат како „службени лица“, за секој напад врз нив да се гони кривично. (Ова е вториот момент за мајки, шајки, ти-ли-бе, тој-ли-бе и сл.) Не сум сигурен дали спроведувањето на оваа мерка е изведливо, бидејќи физичките напади врз новинари во Македонија се релативно ретки (особено кога се „на службена задача“), наспроти простотијата и говорот на омраза на која сме изложени во виртуелниот свет.

Затоа, можеби е најпаметно овој 3-ти (и 4-ти, и 5-ти, и 18-ти итн.) мај да го посветиме на, всушност, главниот модерен проблем за слободата на медиумите: лагите и ширењето лажни вести – и нивните уште поопасни „први братучеди“, полувистините и „алтернативните факти“! – пред кои е исправена професијата. Тоа производство на невистини и полувистини е толку големо, што нема медиум во Македонија со човечки, професионален, финансиски и друг капацитет што може ефикасно да им се спротивстави. Тие се „отровот“ во мали и големи дози што ќе ѝ пресудат на нашата демократија.

Од тоа произлегува дека оние кои ги шират лагите немаат интерес во демократијата. Имаат интерес во ширење магли, за лов на гуски (и гусани); и во матење вода, за криење сомови (и сомици). Едно време, нормално беше власта да лаже, бидејќи таа ги „поседуваше“ вистините, па кога не ѝ се допаѓаа, знаеше да ги сокрие или да ги „обработи“ пред да ги објави. Времињата се променија, денес опозицијата лаже како да е на власт. Некои навики тешко се менуваат.

Парадоксално, Македонија напредува во состојбата со слободата на медиумите, но назадува во квалитетот на практикувањето на слободата на говорот. Можеби проблемот е, сепак, во слободата на мислата: кога немаш што да кажеш, џабе ти се слободни медиуми.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Tags: говор на омразатадемократијалажни вестиМедиумислобода на говорот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ