• Latest
Проф. Мирјана Најчевска

Кој се плаши од граѓанските организации?

January 6, 2022

Стармер, Макрон, Мерц и Туск во Кијив повикаа на поддршка на Украина и прекин на огнот

May 10, 2025

Терас од ЕП покренува иницијатива: Кошта да ја откаже посетата во Белград поради присуството на Вучиќ на воената парада во Москва

May 10, 2025
Фото: Х

ОЈО Штип отвори постапка против пет лица – за убиство и помагање по извршено кривично дело

May 10, 2025
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кој се плаши од граѓанските организации?

January 6, 2022 09:42
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Проф. Мирјана Најчевска

Проф. Мирјана Најчевска

Share on FacebookShare on Twitter

МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Во Русија е затворена најстарата невладина организација за човекови права “Меморијал“. Турција забрани активност на 370 невладини организации. Унгарија ќе прави чистка во сите организации финансирани од Џорџ Сорос. Во Никарагва забранета работата на уште 15 невладини организации. ЛЕВИЦА УСПЕА ДА ЈА ТРГНЕ ХЕРА ОД КАРПОШ. Стоп операција Сорос излезе со нови информации за средствата на фондацијата.

Кому му пречат граѓанските организации?

Ајде да повториме некои познати работи.

Невладините, здруженијата на граѓани, граѓанските организации, или како и да ги наречеме се групи граѓани кои формално (со регистрација согласно законите) или неформално (како едноставно собирање) се здружиле затоа што споделуваат некои заеднички интереси, потреби, идеи. Овие здружувања дејствуваат независно од  државата (не се дел од било кое ниво на власт или било која државна структура и немаат за цел освојување на власта) и не се дел од пазарот (немаат за цел остварување профит).

Работите околу кои ќе се здружи група граѓани можат да бидат најразлични. Многу крупни кои засегаат голем број луѓе, и многу мали кои засегаат мал број луѓе. Може да бидат апсурдни, бизарни, смешни, чудни, интересни, досадни …

Луѓето може да се здружуваат за да ја спасат планетата од климатските промени или да се здружат за да спасат едно дрво во село Сандево да не биде исечено. Може да се залагаат за остварување на слободата на изразување во државата или да образуваат клуб на читатели на книгите на Сергеј Луканенко или Реј Бредбери. Може да се собираат за протести против некоја владејачка структура или пак да организираат следење на појавувањето на неидентификувани летечки објекти.

Што нудат формалните и неформални здружувања на граѓаните?

Нудат: алтернативност, плуралитет, флексибилност, нееднозначност, инвентивност, нови стандарди, нови можности… Тие се бават со прашања со кои државата/партиите не се бават, затоа што ги сметаат за неважни, затоа што може да им бидат штетни на идните избори, кои се контроверзни или пак едноставно не ги разбираат.

Посебниот начин на здружување и делување надвор од државните структури подразбира помалку бирократија, поголема слобода за различните мислења, отворен разговор на ниво на бура на идеи, можност голем дел од луѓето да ги артикулираат проблемите и интересите.

Граѓанските здружувања овозможуваат брза акција, овозможуваат да се слушне гласот на граѓаните во процесите на одлучување.

Државата која претендира да биде демократска ИМА ПОТРЕБА од здружувањето на граѓаните.

Здружувањето овозможува мобилизација на луѓето околу одредени прашања кои се од интерес за потесната или пошироката заедница. Ѝ овозможува на власта, онаа вистински демократската, да го слушне мислењето на граѓаните за најразлични работи, да отвори широка дискусија, да провери некои свои ставови, политики и активност и ако треба да ги промени или запре.

Здружените граѓани полесно учествуваат во процесите на одлучување, овозможуваат полесна имплементација на законските решенија и се добра алатка за дисеминирање на одредени вредности.

Здружените граѓани ја контролираат и ја дисциплинираат демократската држава.

Државата во која граѓаните слободно се здружуваат и имаат можност да учествуваат во процесите на одлучување може многу полесно и посигурно да ги идентификува и задоволи интересите и потребите на граѓаните. Преку нивните формални и неформални здружувања може да ги мотивира за акција, и може да добие моќен партнер во пополнувањето на празнините во задоволувањето на потребите и интересите на граѓаните, остварувањето на правото на избор, и почитувањето на различноста.

Кој и како може да атакува врз граѓанскиот сектор?

Вообичаено, барања за затворање на граѓански здруженија и нивно ограничување (надвор од законските ограничувања кои произлегуваат од заштитата на вредностите на една демократска држава дадени во меѓународните договори и соодветната законска регулатива) поставуваат оние кои не ги интересираат реалните интереси и потреби на граѓаните, кои преферираат пасивни граѓани кои ги исполнуваат директивите на власта/партиите, не сакаат плурализам и различност, не препознаваат потреба од алтернативност на решенијата и се плашат од контрола. Или самите доаѓаат од редовите на квази-здруженија, односно лажни здруженија, вообичаено испостави на некоја политичка, антиграѓанска партија.

Посуптилен (но не и помалку погубен) начин на уништување на автентичните здруженија и здружувања на граѓаните е нивното ставање под капата на една партија, асимилацијата во државата, поткупувањето од страна на партиските и државни моќници, и претворањето на овие здруженија во приврзок на власта кој во секој момент може да биде откачен доколку не постапува согласно барањата на власта.

Во секој случај, атакот врз здруженијата на граѓаните вообичаено зборува за тоталитарност и едноумие, а не за демократичност, прифаќање, поддршка и заштита на различноста.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ