пишува: Петрит Сарачини
Се радуваат на лажни вести дека и други европски земји освен Бугарија демек биле против стартот на преговорите со ЕУ.
Замисли, радост, триумфализам, сеирење. За што? За лажни вести за можните полоши перспективи и иднина за нивната татковина, нивните семејства, пријатели, економија, животна средина… Радоста кратко траеше. Бргу се шират лажите вести, ама, бргу се шират и демантите.
Сепак, ова не е крај на овој циркус. Утре, задутре, очекувајте ги пак, со нови „радости“ и „прослави“. Извори на лаги, магла и пропаганда има многу, а богами и ширачи. Да бираш. Одлично време за оние што профитираат од несреќи и заблуди. Макар и свои.
Кои се тие, добро знаеме сите. А и не се трудат воопшто да се кријат. Ниту самите, ниту нивните сојузи и сојузници и внатре и надвор, а и нивните цели.
Не може човек а да не се запраша: Што чурук луѓе се овие, што се радуваат на абери за сопствени несреќи и работат за својата полоша иднина?