• Latest

Кој стои зад антиваксерското движење во Европа

November 22, 2021
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кој стои зад антиваксерското движење во Европа

Антиваксерството е очигледно псеудоидеолошка сила, но со исклучително силни мобилизациски капацитети, за жал глобално се омасовува, а не ретко е поврзана со конзервативизмот и антиинтелектуализмот. Многумина полесно ќе ги прифатат теориите на заговор, бидејќи јазикот на којшто комуницираат е поприфатлив, се заснова на имагинација и ги активира нашата емоции

November 22, 2021 15:03
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Ротердам, Виена, Рим, Загреб, Белград… илјадници антиваксери излегоа на улиците да се спротивстават на вакцинација против чумата на 21 век – Короната, и на мерките кои цивилизираниот свет ги воведува за да го ограничи ширењето на оваа болест, и да ја спаси планетата од сè поголем број починати.

Единствениот спас и одбрана од Ковид 19 во овој момент е масовната вакцинација и воведување на мерките на изолација на антиваксерите, односно, воведување на ковид пропусниците за вработените во јавни институции и воведување на мерките со кои ќе се контролира ширењето на болеста. Како пропратна мерка потребна е и енергична борба против лажните вести и ширење на теории на заговор.

 

Во овој момент во светот до сега со Ковид 19 се заразени повеќе од 217,2 милиони луѓе, а 4,5 милиони луѓе ја загубија битката. Во Европа бројот на заразените се зголемува и повеќето замји меѓу кои Шведска, Германија, Австрија, Холандија, Италија и Грција објавија заострување на мерките на рестрикција и воведување на задолжителни ковид пропусници.

Но, како во овој момент да се спроведат најавените мерки кога кампањата против вакцинација и против лекарите кои се борат со оваа болест еуфорично се засилува, расте движењето на антиваксерите, се засилува антиинтелектуализмот, национализмот и популизмот на десничарските движења, теориите на заговор добиват сè повеке приврзаници и место во медиумите и на социјалните мрежи.

Во контекст на бројните дебати ширум светот, дали задолжителното вакцинирање е спротивно на човековите права, Европскиот суд за човекови права, во неколку случаи пресуди дека задолжителната вакцинација е легална и неопходна во демократските општества.

Кои се тие луѓе, групи и иницијативи кои го водата движењето против вакцинацијата за Ковид и дали нивните барања се само против рестриктивните мерки, или имаат и силна политичка порака. Дали зад нив стоји екстремната десница, антиинтелектуалистите, популистички лидери и неофашизам.

Професорката Ана Чупеска во својот ФБ статус во неколку реченици ги опишува антиваксерите:

Антиваксерството е очигледно псевдоидеолошка сила, но со исклучително снажни мобилизациски капацитети. За жал, глобално се омасовува, а не ретко е поврзана со конзервативизмот (идеолошки): Од повиците на Трамп да се пие доместос, па се до “десните слободари” во Австрија. На сите ним заеднички им е антиинтелектуализмот, или со антиваксерсикиот вординг “проблематичен скиентизам”. Но, што е всушност тоа мили мои, силниот антиинтелектуализам е фактичка и основна референца на протофашизмот (минат, сегашен и иден), да потсетам на линија на Умерто Еко. За жал, први жртви на оваа псевдо идеологија се самите антиваксери, а потоа секако и ние што тоа не сме. Жални времиња, со исплашени луѓенца.

Др. Ивана Башиќ, виш научен соработник во Етнографски нститут на САНУ во Белград, во својот труд „Антиваксери и теоретичари на заговор“ пишува дека има повеќе различни причини за сè поголемата популарност на антиваксерите.

„Антивакциналното движење е поврзано со разни теории на заговор. Популарноста на теориите на заговор може да се објасни на различни начини, но пред сè со страв и примитивни психолошки одбранбени механизми. Србија на пример, има ниско ниво на научна писменост и научните објаснувања се недоволно јасни и премногу напорни за некои групи, тие полесно ќе ги прифатат теориите на заговор, бидејќи јазикот на којшто комуницираат е поприфатлив, се заснова на имагинација и ги активира нашата емоции. Тие главно го имаат истото резиме – некој анонимен центар на моќ или владетел во сенка прави заговор против човештвото. Нему му служат „злобните научници“, а целта на тој заговор е депопулација и целосна контрола врз населението. Тие ја кријат вистината од човештвото, а теоретичарите на заговор се спасители, бунтовничко малцинство кое го поседувааат тајното знаење и вистината, која постепено, често користејќи шифри, им ја откриваат само на „избраните“. Овој наратив лесно ги победува научните гледишта бидејќи им се обраќа на нашите емоции, а емоционалното размислување е нагласено кога сме уплашени“.

Милован Р. Суботиќ од Институт за стратегиски истражувања во Белград и Иван Р. Димитриевќ од Факултет за безбедност во Белград во научен сепарат „Популизмот како генератор на десниот екстремизам“ пишуваат дека популизмот е многу присатен  во современиото миг во Европа и дека се создадени силни десно-популистички опозициски партии, што е видливо во Франција, Холандија, Данска, Шведска, Германија, а во некои држави како што се Белгија, Финска, Австрија, партиципираат во власта, а во голем број на држави во Европа популистичките партии се јадро на владата, како во Полска, Унгарија, Чешка и од неодамна во Италија.

Аналогија на случувањата поврзани со протестите против вакцинацијата и воведување на построги мерки за заштитата од Ковид последните денови, отвора црни претчувства, дека оваа идеологија се напојува од нагласениот антиинтелектуализам и антирационализам кој извира од Маин Кампф на Адолф Хитлер.

Кои се главните тези  на антиваксерите

„Вирусот воопшто не е толку опасен! Фармацевтската индустрија сака само да заработи на пандемијата! На младите нема да им се случи ништо“!

„Вирусот воопшто не е толку опасен, заканата од него се „пумпа“ од страна на медиумите, политиката и научниците“.

„Вакцините се многу опасни и ја напаѓаат нашата ДНК. Освен тоа, фармацевтската индустрија сака само да заработи на сето ова“.

„Мерките против короната се претерани. Си ја барам назад својата слобода“.

„Дури и ако се заразам, јас сум млад и во добра состојба. Ако воопшто се заразам, ќе имам само благи симптоми“.

Теориите на антиваксерите се базират на недоволна научна и медиумска писменот. Тие на пример тврдат дека употребата на материјал од крава за медицински цели е нечиста и нехристијанска затоа што доаѓа од пониски битија, и дека повисоките класи се обидуваат да ги искористат работниците, дека влегуваат во нивните приватни животи.

За ваквите тези антиваксерите добиват поддршка најмногу од антиинтелектуалците, своеглавите луѓе кои се делумно конфузни, но уверливи дека ако го мачкат носот со Павловиќева маст нема да се заразат, или ако пијат Петролеј (по можност од Албанија бидејки е најрафиниран) ќе излечат пнеумонија. Тие не веруват на лекарите и науката и знаењето го црпат од социјалните мрежи и дискусии на интернет.

Десничари знаменосци

Италија беше првата земја во Европа која уведе низа мерки со кои поголем дел од населението беше обврзан на вакцинацијата против Ковид. Меѓутоа, протестите во Рим  против воведувањето на зелен Ковид пасош кој ќе биде задолжителен за сите вработени во јавниот и приватниот сектор, во кои учествуваа повеќе од десет илјади луге, добија сосема друга контација. Епилогот беше насиел обрачун помеѓу одредни групи на демонстрантите и полицијата, демолирање на националното здружение на синдикатот на работниците ЦГИЛ.

Paolo Giovannini/EPA, via Shutterstock Антиваксерски протести Трст, Италија, ноември 2021

Организаторите на насилието беа луѓето од политичкото движењето Форца дел Пополо, кое неодамна името го смени во  движењето  Пополо Соврано (Суверени луѓе).  Нивната борба против мерките кои ги воведе италијанската влада во борба против Корона, најголемата поддршка добиват од антиваксерите и лугето кои одбиват да се вакцинират, одбиваат лекување и медицинска помош бидејќи не им веруват на лекарите.

Лидерот на десничарската милитантна партија Форца Нова во Рим за време на демонстрациите ги повикал демонстрантите да го завземат градот. Италијанскиот председател Серѓио Матарела и премиерот Марио Драги, го осудија насилството, а умерено лево ориентирани политичари поднеле барање до парламентот да се забрани партијата Форца Нова. Лидер на партијата Форца Нова Ѓиулијано Кастелино од порано е познат на полицијата и судството поради своите насилни инциденти посебно на стадионите ширум Италија.
До големи судири помеѓу полицијата и демонстрантите кои се противат на мерките за Ковид 19 дојде во Ротердам во кои најмалку седум лица се повредени во немирите кои избувнаа во центарот на Ротердам, демонстрациите беа насилни па полицијата беше принудена да отвори огин врз насобраната маса кои запалија огин во центар на градот и фрлаа со камења на полицијата.

Фото: EPA-EFE/VLN NIEUWS – протести во Ротердам -Холандија против КОВИД пропусници

Во Виена на протестите против најавените нови мерки да се заустави ширењето на Ковид кои предвидуват нови ограничувања и задолжителна вакцинација од 1. фебруари идната година, учествуваа  неколку илјади луѓе воглавном присталици и подржувачи на крајната десница. Во оваа држава се вакцинирани 66 проценти на граѓаните што е најмал процент во западна Европа, а дневниот пораст на ново инфицирани достигнува рекордни бројки. И покрај ова крајната десница ги повикува граѓаните да се спротивстават на вакцинацијата. Многумина Австријанци се скептици дека вакцината има заштитно делување а овој став го подржува и крајната десничарска партија трета по големина во Австријскиот парламент.
Околу 15.000 луѓе се собраа и на загрепскиот плоштад Бан Јосип Јелачиќ во саботата попладне на протест против задолжителните сертификати за вработените и корисниците на јавните, државните и локалните институции и против антиепидемиската политика на хрватската влада и Националниот штаб за цивилна заштита.

epa09593378 A protester displays an Austrian flag during a demonstration against the measures of the Austrian government to slow down the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus in Vienna, Austria, 20 November 2021. Austrian Chancellor Alexander Schallenberg announced a mandatory vaccination against the SARS-CoV-2 coronavirus by February 2022, and a general nationwide lockdown to stem the ongoing pandemic of COVID-19, starting from 22 November. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

За време на протестот еден новинар бил физички нападнат, а многу други биле вербално нападнати. Никој од демонстрантите не носел маска, ниту за време на протестот се почитуваше обавезна пропишаната дистанца.
Протестот преку социјалните мрежи го иницирала невладината „Иницијатива за права и слободи“. Меѓу собраните на протестот имаше и неколку пратеници од клеропопулистичката опозиција Мост. Се бараше оставка од премиерот Андреј Пленковиќ, се скандираше „предавство, предавство“, „крадци“ и се бараше итно укинување на потврдите за ковид.

фото Marko Prpic/PIXSELL Протести против Ковид мерки во Загреб, ноември 2021

Меѓу говорниците беше и еден католички монах. Владиниот портпарол Марко Милиќ на Твитер објавил дека таканаречените борците за слобода ги загрозуваат слободата и правата на мнозинството одговорни во општеството! И дека дневно во Хрватска има 65 смртни случаи од СОВИД-19. А десницата ова го користи да ја открие својата политичка идеологија.

Да се бориме против лажни вести

Еден од начините да го запреме ширењето на  Короната е и борбата против лажните вести и дезинформациите. Тука секој поединец може да помогне. Експертите на Европската унија кои се бават со следење на дезинформациите , тврдат дека лажните вести околу корона  вирусот кои продолжуват да се шират, можат да имаат штетни последици по јавното здравје и ефикасна комуникација околу кризата. Целната група на ширењето лажни вести се  „ранливите малцинства“ кај кои се стумулира недоверба  во демократските институции.
Разни социјални мрежи веќе ги тргнаа лажните видео снимци. Портпаролот на ТикТок изјавил за ББЦ „Не дозволуваме дезинформации, вклучувајки ги и теориите на заговор кои би можеле да им наштетат на луѓето кои користат ТикТок или на пошироката јавност. Тој наведува пример дека  видеото кое препорачува заштита од Корона со топла вода и кора од портокал, имало повеќе од 1,6 милиони прегледи, вакви видеа повеќе нема да се дозволат.
И компанијата Јутјуб соопшти дека ќе ги тргне сите содржини кои шират дезинформации за сите одобрени вакцини. Најновата одлука се однесува на видео снимките во кои се наведува дека одобрените вакцини се опасни и дека предизвикуваат аутизам, рак или стерилитет. Одлуката се однесува и на затворање на сите профили кои шират пропаганда против вакцините.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ