• Latest

Колку е „зелена“ Југоисточна Европа?

December 2, 2023
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Колку е „зелена“ Југоисточна Европа?

December 2, 2023 12:54
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Спротивно на северозападна Европа, зелените партии и движења во југоисточна Европа генерално постигнуваат послаби изборни резултати од нивните колеги.

Се чини дека еколошките прашања потешко ги мобилизираат гласачите таму. Но, и покрај ова, свеста за климатските прашања расте во ЈИЕ, пишува European Newsroom, проект на европските новински агенции.

Во 2020 година, земјите од Западен Балкан на самитот во Софија потпишаа Декларација за зелена агенда. Со неа тие се обврзаа целосно да се откажат од јагленот до 2050 година како дел од Зелениот план на ЕУ, за да станат климатски неутрални.

Германија: Русија ја користи енергијата како оружје

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок, која доаѓа од германската Зелена партија, ги повика да ја зајакнат соработката во областа на енергетската безбедност и транзицијата кон обновливи извори на енергија.

Русија ја користи енергијата како оружје, истакна Баербок. „Имплементацијата на оваа зелена транзиција е во наш заеднички интерес бидејќи сите имаме корист од чиста и безбедна енергија“, рече таа во говорот на отворањето на конференцијата за Западен Балкан во Берлин на 21 октомври.

„Можеме“ како растечко хрватско зелено движење

Во Хрватска, која е членка на ЕУ од 2013 година, зелената коалиција под политичката платформа „Можеме“ освои 116.000 гласови и седум места во парламентот на последните парламентарни избори во 2020 година.

Само една година претходно, на европските избори во 2019 година, истата платформа доби помалку од 20.000 гласови. Со други зборови, тогаш за нив гласале само 1,8 отсто од гласачите.

На локалните избори во мај 2021 година, еден од лидерите на платформата, Томислав Томашевиќ, беше избран за градоначалник на Загреб. Новиот тест за него и неговата платформа ќе бидат парламентарните и европските избори следната година.

Во Босна и Херцеговина зајакнува еколошката свест, но нема политичка волја

Како активен член на Енергетската заедница, која ги обединува ЕУ и многу нејзини соседи на Балканот и во регионот на Црното Море, БиХ е посветена на реформите во енергетскиот сектор и усогласувањето на политиките со земјите-членки на ЕУ.

Но, досега не направи многу во овој поглед, бидејќи минатата година само три отсто од производството на енергија доаѓа од обновливи извори, а 60 отсто од јаглен. Енергетската заедница го критикува бидејќи декарбонизацијата е еден од условите за влез во ЕУ.

Со оглед на тоа што само еден документ ја дефинира стратешката рамка за енергетската транзиција, клучниот проблем е што нема политичка волја. Зелените и другите партии во БиХ номинално се фокусираат на еколошките прашања, но не доволно за да се разликуваат од другите партии.

И покрај ова, еколошката свест расте и граѓаните се повеќе се ангажираат во борбата за заштита на животната средина на локално ниво. Партијата на зелените на Босна и Херцеговина, која беше основана дури во март, освои еден мандат во Собранието на Република Српска.

Во Северна Македонија се против отворање рудници

Од околу 60 регистрирани политички партии, Северна Македонија има само една декларирана зелена – Демократска обнова за Македонија (ДОМ), која има едно место во Собранието. И покрај тоа, во изминатите години во земјата се одржаа неколку еколошки акции и протести.

Еден од најпознатите случаи беше протестот против отворањето на рудникот за злато и бакар Иловица-Штука. Кон средината на август оваа година, активистите почнаа да собираат потписи за петиција против отворањето на рудникот.

Во 2014 година и беа доделени две концесии на канадската корпорација Еуромакс Рисорсис. По неколкугодишни протести, новата влада откажа една од концесиите и еднострано го раскина договорот во декември 2019 година, со образложение дека компанијата не ја доставила потребната документација.

Листата на активисти во Северна Македонија на локално ниво обезбеди повеќе пари за рециклирање, компостирање…

Судот потоа пресуди во корист на Еуромакс Рисорсис во март 2023 година. Во јуни 2023 година, владата одлучи да ги спои двете концесии за рудници во една.

Според Министерството за економија, судските пресуди може да доведат до нови тужби и судски постапки пред меѓународните судови, што може сериозно да го оштети буџетот. Но, 20 дена подоцна, владата се откажа од одлуката за спојување на двете концесии во една.

На локално ниво, независната листа на активисти и невладини организации за заштита на животната средина, човековите права и правата на животните, наречена Зелен хуман град (ЗХГ), освои две места во Советот на Град Скопје во 2021 година.

Во последните две години, ЗХГ обезбеди повеќе пари за рециклирање на пластичен отпад, следење на загадувањето на воздухот, компостирање био-отпад и грижа за бездомните животни, меѓу другото.

Последната дива река во Европа

Албанската река Вјоса беше прогласена во март 2023 година за прв Национален парк на диви реки во Европа по десет години лобирање. Таа река тече непрекинато 270 километри, од Грција преку јужна Албанија сè до Јадранското Море, без брани или електрани.

Кампањата за нејзина заштита имаше голема поддршка од граѓанското општество и приватниот сектор, како и од холивудскиот актер Леонардо ди Каприо, познат еколошки активист.

Се водат и други кампањи за заштита на другите албански природни живеалишта, како што се лагуните Нарта и Каравашта. Овие проекти се поддржани од странски партнерски организации и амбасади, како што е Делегацијата на Европската Унија. Албанската влада, исто така, ја прогласи заштитата на животната средина за национален приоритет.

Треба да се спомене и кампањата „Засади дрво“ на општина Тирана. Градскиот совет објави дека засадил речиси милион нови дрвја низ градот како дел од оваа иницијатива.

Зелените политики во Бугарија се во застој

Лидерите на бугарското движење на зелените, Даниела Божинова и Тома Белев, во интервју на 21 ноември изјавија дека поради поголемите цели, како влез во еврозоната и Шенген зоната, зелените политики остануваат во неизвесност.

Движењето на зелените е дел од коалицијата Демократска Бугарија и има четири пратенички места. Божинова и Белев сфатија дека нивната партија е нееднакво застапена во групата и побараа една од водечките позиции во Демократска Бугарија за да ги вратат зелените политики во прв план.

Во овој состав на бугарскиот парламент, Движењето на зелените успешно го спречи уништувањето на шумите

Движењето на зелените е дел од Европската зелена партија и планира да се кандидира за изборите за Европскиот парламент во 2024 година и да освои еден мандат. Во сегашниот состав на Парламентот успешно го спречи грабежот на шумите, отфрлајќи го предлог-законот со кој ќе се дозволи експлоатација на големи количини стебла од државните шуми.

Движењето на зелените се истакна за време на осуммесечната влада на Кирил Петков (13 декември 2021 година – 2 август 2022 година), кога нивниот лидер Борислав Сандов беше министер за заштита на животната средина. Владата потоа спроведе строги закони за заштита на животната средина, ги казни загадувачите и прогласи нови заштитени подрачја.

Истакнатото бугарско еколошко движење Екогласност одигра клучна улога во падот на комунизмот во земјата. Собирот на тоа движење на 3 ноември 1989 година во Софија е првиот протест против тоталитарното владеење на Тодор Живков. Активистите беа против изградбата на хидроцентрали на реките Рила и Места и бараа јавни реформи. Комунистичката партија го разреши Живков на 10 ноември 1989 година.

Романија инвестира во рециклирање

Во Романија, една од најновите иницијативи на владино ниво е проект за рециклирање на амбалажен отпад со повратна такса. Премиерот Марсел Чолаку истакна дека тоа ќе биде најголемиот ваков проект во Европа, по Германија, во смисла на количество преработена амбалажа, а почнува на 30 ноември.

„Отворањето на центрите за собирање амбалажен отпад RetuRo ќе отвори повеќе од 600 работни места до крајот на следната година и ќе поттикне слични инвестиции во транспортот и рециклирањето и хоризонтално и вертикално“, нагласи премиерот.

RetuRO Sistem Garantie Returnare SA е непрофитна компанија, што значи дека добивката од собирањето на амбалажниот отпад ќе се реинвестира исклучиво во развој на системот за враќање на амбалажата.

Романската Зелена партија е популарна на национално ниво

Иако нема зелени политички партии на власт во Романија, постојат многу организации кои промовираат здрава и еколошки урамнотежена животна средина.

Меѓу десетте партии кои се регистрирани како следбеници на „зелената доктрина“, Партијата на зелените, која е членка на Европската зелена партија, е популарна на национално ниво.

Г. Т.

Tags: животна срединазелени партииЈИЕрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ