• Latest

Колозова: Договорот со Грција е значаен сам по себе, а не како влог во евроинтеграциите

July 7, 2018
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Колозова: Договорот со Грција е значаен сам по себе, а не како влог во евроинтеграциите

July 7, 2018 12:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Историскиот договор што беше постигнат со Грција јас го гледам како достигнување само по себе, нешто што е значајно само по себе, а не како влог во евроинтеграциите. Мислам дека не би било принципиелно такво историско прашање, прашањето на идентификација да се инструментализира во каква и да е краткорочна историска смисла. Поради тоа јас ова решение го поздравив значајно и позитивно само по себе, а не во функција на евроинтеграциите“, изјави Катерина Колозова, ИССХС, на конференцијата Макеоднски перспективи: Како до Европа?, во организација на ЦИВИЛ и МЦМС.

„Зачудувачки, за една година ги затворивме двете болни прашања на начин што е соодветен и поволен за Македонија. Според мене договорот со Бугарија е сосема коректен. Да, тој договор нотира некакви разлики околу историски прашања, но нотира и цивилизиран начин на разговарање околу тие разлики. Вториот договор се  реши за нас, во оној дел каде што сме засегнати, поволно. Ние тврдевме дека преговорите со Грција не загрижуваат од идентитетски аспект… Нормално имам здрав разум и знам дека име на држава не може да ми смени идентитет, но знам дека имаше прашања што директно го засегаа идентитетот со децении низ тие преговори“, потенцираше Колозова.

Колозова зборуваше за важноста на овие два договори независно од влезот од ЕУ и НАТО, сметајќи дека Договорот со Грција треба да се доживее како успех сам по себе, а не како обврска и услов во процесите на евроинтеграциите.

„Сега кога се тврди дека е направено постигнување со тоа што е задржана придавката во описот на етносот и е задржано именувањето на јазикот такво каково што е со право на  сите можни преводи, мене некој ме убедува дека тоа не е достигнување. Според мене е огромно достигнување затоа што на памет ги знам сите предлози, барем тие што се водат како официјални од Нимиц и не знам ни еден во кој што не бил вклучен предлог назив на името на јазикот или националноста кај што за придавката н се разговарало. Ако придавката се загрози тогаш се загрозува именувањето во преамбулата…“, рече Колозова.

Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Биљана Јордановска

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Маехмети

Tags: ЕУимеКатерина КолозоваконференцијаМакеоднијаМЦМС;НАТОЦивил
Share709TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ