Професорката Катерина Колозова со препораки за мерките на Владата.
„Пред неколку дена Филипче апелираше да се зголеми бројот на автобуси токму поради оваа слика со автобусите денес – што не значеше зголемување на движење туку помала концентрација по автобус. Влез во продавница на човек-по каса, си функционираше. Локализирано затвараше градови, области а полиција чуваше дури и згради – таргетирана изолација како што препорачува СЗО.
Одеднаш Оливер искача на прес и објавува преполовување на сообраќајот (обратно од Филипче пред некој ден), крати број на часови кога најранливите може да набавуваат – тие што можат најлесно да умрат и трудните, напикани во два часа дневно набавки. Да се испозаразат и испоумрат побрзо? И све тоа затоа што Наќе и Мицко сакале полициски час. Сега Наќе ви држи пресови, Венко го нема. И мене ќе ме убедуваат дека секоја изречена мерка треба да се правда, односно да и’ се признае смисла? Пеки, ќе ја почитуваме оти така рекле, ама не можам да викам „генијално, све што смисливте е маестрално“ ако не мислам така.
За разлика од другиве што и’ кажуваат на владата што да прави, ја само апелирам за флексибилност која е здраворазумска за одредени прашања и за кои сум нашла примери во политики на поасални држави од нашата. Апелирам, од свој агол, барам да се земе во обзир потреба на одредена група луѓе. За разлика од мене, куп овде и’ диктираат на Владата како треба – и откако ги слуша нив и Мицкоски-Вучиќ, добивме бесмислици: стари луѓе во затвор и преполнети автобуси. Треба Филипче да си ја води работата ко што ја водеше, нека се консултира со колеги од нормални земји, нек си ја слуша СЗО а не Мицко и ДУИ, и нивната восхитеност од Србија и Албанија и тамошните високософистицирани мерки. Ние бевме софистицирани – до завчера, додека решаваше Филипче и стручните. Сега Наќе ви е главен. Глејте си го, бутајте се во преполни автобуси, умрете ги старите од други болести и гужви по продавници во кои ги напикавте во слот од два часа дневно (па уште им кажавте кои два)“, пишува Колозова на Фејсбук.