• Latest

Коментари со стравотен говор на омраза под Фејсбук објави на македонските медиуми, чија е одговорноста?

January 12, 2022

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Коментари со стравотен говор на омраза под Фејсбук објави на македонските медиуми, чија е одговорноста?

Мониторингот на ЦИВИЛ секојдневно забележува коментари на публиката со говор на омраза на Фејсбук страници на македонските медиуми. Се обидовме да дојдеме до одговор на прашањата: чија е одговорноста за овие објави, што треба да се направи за справување со говорот на омраза и кои се домашните, европските и светските правни и професионални прописи, стандарди и практики?

January 12, 2022 14:42
in АНАЛИЗИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Еден угледен портал на македонски јазик деновиве објави содржина поврзана со Шарената револуција. Прилогот, кој содржеше ставови на учесничка во овие протести во 2016 година, беше објавен а потоа и спонзориран на Фејсбук страницата на медиумот, и предизвика повеќе коментари, дел од кои содржеше и стравотен говор на омраза и навреди кон активистката.

„Сите од шарените треба Жена парк голи и да се полијат со боја да бидат вистински шарени за злото што и го донесоа на Македонија“…„Кривец е Груевски што сите не ве поапси за уништување на државен имот ненормални едни“…„Мрш северџанко“…„Смрдушкава глупава уште се гребе“, е дел од коментарите што користат навреди, говор на омраза и повикуваат на насилство кон активистката и учесниците во Шарената револуција.

Во коментарите се вели и дека активистката и нејзините соучесници „треба да платат“ за штетата што ѝ била нанесена на Македонија, има обвинувања за „одработување за мафијаши“, се повикува осуда на активистката за говор на омраза едно 2-3 години, со констатација дека на учесниците им бил испран мозокот и дека уништиле најубава држава.

„Сега треба да платиш за целата штета која и е нанесена на Македонија. И соучесниците имаат идентична вина!“, се вели во еден до коментарите. „Оваа ми глумеше лудило додека ги пцуев мафијашиве…одработуваше за нив…“, пишува друг коментатор. „Кога ќе те осудат за говор на омраза, ширење на расна нетрпеливост и лажно клеветење, шарање и уништување едно 2-3 години, па се со ред, ете тогаш ќе има правда. Ви го испраа мозокот, ве уфилмаа дека сте нешто посебно, најубава држава уништивте“, пишува понатаму во коментарите.

Според она што може да се види на Фејсбук објавата на медиумот, коментарите со говор на омраза сè уште стојат и воопшто не се модерирани од администраторите на редакцијата. Ова е само еден од случаите на јавни објави што излегуваат надвор од законските и етички стандарди, што може да се забележат секојдневно под објавите на македонските медиуми на нивните Фејсбук страници.

ЦИВИЛ побара став од експертски и професионални медиумски организации од земјава во однос на тоа што треба да прават медиумите доколку забележат говор на омраза во коментарите под нивните Фејсбук објави, и кои се искуствата и препораките во однос на модерирање на коментарите од публиката на Фејсбук страниците на медиумите.

Според д-р Марина Тунева, експерт во медиумската област и извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), медиумите се одговорни за редовно прегледување и брзо отстранување на коментарите на корисниците што се објавуваат под новинарските содржини на веб-страниците или на социјалните мрежи, а коишто содржат говор на омраза и имаат потенцијал да предизвикаат штетни последици во општеството.

„Во ниту еден случај медиумите не смеат да дозволат да бидат злоупотребени и да послужат како средство за ширење омраза, упатување повици за обединување на поединци и групи за радикално однесување и постапки кои го загрозуваат јавниот ред и мир во општеството, итн. Со самото тоа ќе ѝ овозможат на медиумската публика самостојно да донесе вредносни судови кои се засновани на факти, наместо предрасуди и митови“, вели Тунева за ЦИВИЛ Медиа.

Тунева посочува дека стандарди и насоки поврзани со ова прашање се содржани во Насоките за етичко известување во онлајн медиумите, коишто ги подготви СЕММ, во широка консултација со медиумската заедница и со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Тие беа објавени во март минатата година. Поконкретните одредби се следниве:

Член 20

„Онлајн медиумот е одговорен и за содржината на објавените коментари од своите читатели, објавени на веб-страницата на онлајн медиумот во просторот за коментари, под новинарските содржини.

20.2. Онлајн медиумот ќе ги отстрани сите коментари кои содржат: повикување на насилство или други кривични дела, говор на омраза, дискриминација, закани и други облици на загрозување на правата и безбедноста на поединци, групи, институции, без оглед дали се директно или индиректно поврзани со текстот или темата што се обработува во него.

20.3. Онлајн медиумот ќе дефинира правила за уредување на коментарите на читателите во просторот за слободно коментирање под објавените текстови и содржини. Тие правила ќе бидат објавени на платформите на кои содржината се објавува и ќе содржат: информации за регистрирањето на коментарите, почитувањето на правилата на коментирање, недозволени содржини во коментарите, причина за отстранување на коментарите и др.

Онлајн медиумот е одговорен и за содржините на коментарите поставени кон новинарските содржини на медиумот објавени на неговиот профил на социјалните мрежи.

Инаку, во законодавството на Северна Македонија, ваквиот говор на омраза е кривично дело и според членот 319 на Кривичниот законик кој зборува за „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ , но и според член 394-г од Кривичниот законик, за „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Освен тоа, коментарите со омраза во просторот овозможен од самите веб страници и портали, беа дел од случај во Европскиот суд за човекови права во Стразбур (ЕСЧП), кој во предметот на медиумот „Делфи“ против државата Естонија во 2015 година ја отфрли жалбата на „Делфи“ на паричната пресуда од естонските судови во 2013-та година поради коментари од корисниците на страницата.

Судот во Стразбур донесе одлука која упатува дека нема повреда на Членот 10 од Европската конвенција за човекови права и ограничување на слободата на изразување на медиумот надвор од предвидените ограничувања во Членот 10 од Конвенцијата, кои се сметаат за неопходни во едно демократско општество.

„Судот забележа дека во овој случај оспорените коментари претставувале говор на омраза и директно поттикнување на насилство, дека информативниот портал на компанијата-жалител бил еден од најголемите интернет медиуми во земјата и дека постоела загриженост кај јавноста за контроверзната природа на коментарите што ги привлекувал. Затоа опсегот на испитувањето на случајот бил ограничен на проценката на „обврските и одговорностите“ на информативните интернет портали, во контекст на членот 10, точка 2, кога тие заради економски цели обезбедувале платформа за коментари генерирани од корисниците за претходно објавена содржина и некои од корисниците јасно се впуштиле во незаконски форми на говор“, се вели меѓу другото во одлуката на ЕСЧП.

Иако Европската конвенција за човекови права е усвоена и ратификувана од земјава, со што е дел од правениот систем и легислатива, а одлуките на ЕСЧП треба да бидат користени како извор на правото, во судската пракса на македонските судови не е забележано покренување на случај ниту пак пресуда која се однесува на коментарите со говор на омраза од страна на публиката на медиумски платформи администрирани од македонските медиуми.

И Филип Стојановски, долгогодишен експерт во областа и раководител на програми во Фондацијата Метаморфозис, смета дека според пресудата „Делфи против Естонија“, медиумите треба да ги модерираат коментарите преку кои се вршат кривични дела, како ширење говор на омраза. Тој исто така посочува дека нема јавно достапни информации за тоа дали нашите судови ја инкорпорирале оваа пресуда во својата судска пракса, што е нивна обврска бидејќи нашата земја е членка на Советот на Европа.

„На платформата Фејсбук медиумите имаат и таква техничка можност – може да бришат коментари под објави од нивната страница. Некои други платформи не даваат таква можност, на пример, на Твитер не може да се бришат туѓи твитови со кои се одговара на некој ваш. Нашите искуства се дека модерирањето на коментари со говор на омраза бара доста ресурси, кои повеќето медиуми не можат или не сакаат да ги вложат, па најчесто ваквите коментари се игнорирани и остануваат видливи. Ваквите активности прво бараат знаење од страна на администраторите да го препознаат говорот на омраза. Има неколку граѓански организации што преку проекти нудат вакви знаења, но само мал дел од медиумите покажуваат интерес за градење на капацитетот на своите вработени во овој поглед“, укажува Стојановски.

Според него, во медиумите  треба да се воспостават интерни процедури, правила за однесување на фановите и читателите, за одговорните администратори/модератори да знаат што да прават, во кои случаи и според кои критериуми да реагираат или не, за да се избегне опасноста со преголема ревност да цензурираат содржини кои можеби се навредливи или негативни, но не содржат говор на омраза.

„Тука спаѓаат и постапки од типот правење снимка на екранот од сомнителната содржина пред да се избрише, за да може да послужи како доказ при евентуална правна, кривична или граѓанска постапка. Во ситуации кога ќе идентификуваме говор на омраза во коментар на објава од наша страница, тимот на Метаморфозис исто така додава информација дека коментарот од одреден корисник бил отстранет и заради што. Ова понекогаш доведува до можност на корисниците да им се објаснат работите и позитивен фидбек од нив. За жал, поради ситуацијата во општеството и праксата на неказнивост, исход од таквото објаснување може да биде и нова тура навреди и говор на омраза“, вели Стојановски за ЦИВИЛ Медиа.

Во светската пракса, пак, коментарите на корисниците на медиумските платформи веќе одамна се сметаат како важен аспект, па дури и дел од самата содржина. Според истражувањата во Соединетите држави, каде легислативата по ова прашање е прилично полиберална од европските законодавства, праксата за справување со коментарите на публиката е различна кај новинарите и редакциите.

Голем дел од нив веќе употребуваат усвоени стандарди за модерирање на коментарите на публиката, две третини се ангажираат во одговарање кон коментарите односно интеракција со публиката, дел од нив ги користат коментарите за дополнителни информации и индиции за стории, а една третина од испитаниците се против интеракцијата со коментарите. Дел од интервјуираните новинари ги посочуваат „криењето“, „маскирањето“ или бришењето на коментарите како алатки за да се отфрли нецивилизираното однесување,  посочува истражувањето „Новинарите и онлајн коментарите“ објавено од Центарот за медиумски менаџмент на Универзитетот Тексас од Остин.

И самата компанија Фејсбук обезбедува сет на автоматски алатки за модерирање на содржините од страна на професионалните/бизнис организации, како и совети за оние ентитети што ја употребуваат оваа социјална мрежа за пласирање на своите медиумски производи.

Од друга страна, во светската јавност има постојани критики за начинот на кој Фејсбук се справува со говорот на омраза. „Во јавноста, се чини дека Фејсбук тврди дека отстранува повеќе од 90 проценти од говорот на омраза на својата платформа, но во приватните интерни комуникации компанијата вели дека бројката е само застрашувачки од 3 до 5 проценти. Фејсбук сака да веруваме дека речиси целиот говор на омраза е симнат, а во реалноста речиси сето тоа останува на платформата“, пишуваше во октoмври 2021 година познатиот американски магазин за технологии, Уајрд (Wired).

Мониторингот на ЦИВИЛ секојдневно забележува коментари на публиката со говор на омраза на Фејсбук страниците на медиумите во Северна Македонија. ЦИВИЛ се труди конзистентно да ги модерира коментарите на медиумските платформи на организацијата, и постојано упатува повици и кон медиумите и кон надлежните институции за соодветно справување со говорот на омраза на Интернет.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ