Со 5 гласа за, ниеден против и без воздржани комисијата за мандатно имунитетни прашања изгласа да му предложи на Собранието пратеничкиот мандат на Никола Груевски да му биде одземен.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа ниту „за“ ниту „против“ за предлогот, а не беа ниту воздржани.
Груевски 6 месеци неоправдано е отсутен од работното место Собрание. Според Уставот нему му престанува мандатот. Но сепак на комисија и пленарна седница престанокот на мандатот треба да се констатира.
Предлогот сега треба да се најде на пленарна седница каде парламентот ќе донесе одлука дали да му биде одземен мандатот на Груевски. За тоа да се случи е потребно двотретинско мнозинство.
А.М.