Конечно не е се толку црно. Според пишувањето на Хаберлер од Турција а пренесено од Танјуг, индустријата што произведува тв новели е во голема криза. Таа траела веќе шест месеци. Па и најголемите хитови кои преходно со месеци немаат свој крај, бидејќи, постојано се додаваат нови и нови епизоди одеднаш бараат од сценаристите брзи разрешници. А со тоа престанува девизата дека тие тв новели се извори на приходи што што не секнуваат. Едноставно, сериите не носат приходи, кризата во светот се појави и во овој сегмент и тоа изгледа сериозно за еден продукциски мастодонт.
Оваа вест е секако во основа добра од аспект на атмосферата во нашето општество. Од каде оваа констатација? Па од фактот дека клучната победа на една политичка опција, која сега е на власт кај нас, главно се должи на успешната комбинација на опстанокот на клучните тв куќи, пред се најгледаните како што се ТВ Сител и ТВ Канал 5. Тоа е комбинацијата – пушти тв новели од истанбулските студија, па уфрли вести, па продолжи со сериите… Од утро до мрак една иста шема во која се влезени и неписмените или полуписмените гледачи заради надсинхронизацијата (инаку интересни како гласачка маса), ссе оздава зависност која и нема да знае за поинакви понуди а политиката која ќе се нуди како пауза меѓу ваквата играна програма едноставно ќе се прифати во некаков „комплет“. Безумната мелодрама, каде секоја сцена е врзана за постојано менување на етичките принципи на јунаците и тоа „до даска“ а која се префрлува низ прифаќање на општата какофонија на етички вредности во реалниот живот (основа на жанрот) значи и лесно прифаќање на политичките ставови на новинарите од овие студија – лесн о е да се манипулира со шашардисаните гледачи; тие, онака хистерични како што одат настаните во омилените серијали, без усул ќе ги голтнат и сториите кои доаѓаат во продолжение. И тоа се покажа како успешен модел барем деценија и пол наназад и во политиката, пишува Љубомир Костовски во анализата „2025: Без право на повторно влечење“ објавена на 15 јануари 2025 година.