• Latest
Добро утро со Орданоски

Конечно и ние да станеме север!

May 30, 2018
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Конечно и ние да станеме север!

May 30, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”48″]З[/dropcap]а што ли ќе се зборува во македонската политика по – ај малку да дувнеме на јогурт – евентуалното решавање на проблемот со името?! Телевизиите ќе останат без половина дебатна програма, вестите ќе им траат по 11 минути дневно, третина колумнисти ќе треба да се пензионираат, половина МНР да се отпушти, политичарите ќе се шуткаат на митингашките бини и нема да знаат како да го пополнат времето за говори, а кинескиот увоз на национални знамиња ќе секне, што ќе се одрази на тамошната текстилна индустрија и на светскиот економски раст, воопшто. Во ЕУ ќе отпуштат четвртина вработени од секторот Западен Балкан, а странските делегации во посета на Македонија ќе фатат да пијат по службените ручеци и вечери, опуштени затоа што веќе ќе немаат за што наводно важно да разговараат со своите домаќини. Хан ќе стане наркоман, од очај.

Замислете, знам дека звучи тотално неверојатно, но дури и Метју Нимиц ќе замине во пензија. Ако го примат, на негова возраст.

Ќе има нешто сечење патриотски вени заради новото име, за очекување е и помасовна македонска национална резигнација и повици на фејсбук за распнување на предавниците. А ќе има и нешто вицеви на сопствена национална сметка, за челичење на духот. Впрочем, после долги децении југ, конечно и ние да станеме север, на нешто. Е-хеееј, како ли звучи на грчки што-јужније-то-тужније!? Душа ќе им вадиме, не знаат што ги чека!

Ќе поминат во тој стил две-три недели, пред да падне командата за масовна окупација на плажите во Грција. Оти името е важно, ама гирото е најубаво кога се јаде топло, а узото кога се пие студено.

И така ќе си се тетеравиме до септември, до референдумот за името, за кога е закажан уште еден бараж од меѓународна поддршка за храбрење на Македонците да ја земат сопствената иднина во свои раце. До тогаш, претпоставувам, водечката опозициска партија ќе изгради некаков став за тоа што сака да прави со себе во животот, за да реши во која улица ќе се исклучи од кружниот тек на историјата на кој сега се врти како кога мачката си ја брка опашката. Иванов ќе биде против, за инает. Заев, ако нè фати, ќе нè гушка по улици, како да сме се посватиле.

Всушност, расплетот само ќе го продолжи важењето на една постара полу-клетва од еден драмски текст на Горан Стефановски: дека во Македонија, откако се памети, никој не се родил и не умрел во иста држава. Барем не во држава со исто име.

И, животот ќе си продолжи понатаму. А се разбира дека сите во нормалниот свет ќе продолжат да нè викаат Македонија. Ама ајде, кога им е толкав меракот на Грците…

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: ГрцијаСеверна Македонија
Share372TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ