• Latest

Конфузија во ДИК

April 11, 2016

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Конфузија во ДИК

April 11, 2016 18:37
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија на денешната седница со седум гласа „за“ и два гласа „против“ го усвои Извештајот за податоците од теренската проверка. Според ДИК, од вкупно 87.352 прашалници доставени до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК за спроведување на теренските проверки, вратени се 87.074 прашалници, и недостасуваат само 282 прашалници во подрачните одделенија во Карпош, Чаир, Гази Баба, Велес, Крива Паланка, Тетово и Гостивар, а пронајдени  се и четири „дупли“ прашалници во Центар.

Но, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, изјави дека оваа бројка не е голема и дека не треба да се прави драма и дека дополнително ќе се проверат тие 282 лица за кои не е донесен прашалник во ДИК. Според извештајот пак од ИТ експертите, недостасуваат вкупно 414 прашалници.

По внесувањето на податоци од теренската проверка, во електронската евиденција на Државната изборна комисија, како неспорни се појавуваат 40.817 гласачи, а останатите 46.475, ќе се проверуваат, најверојатно,  повторно со помош на МВР.

Екипата на ЦИВИЛ – Центар за слобода ја следеше седницата на која членовите на ДИК го претставуваа Извештајот од спроведената постапка за примопредавањето и броењето на прашалниците за спроведување на теренските проверки.

Според Извештајот на ДИК, во Општина Велес се предадени 239 прашалници, а  вратени 234 прашалници, па во ДИК, недостасуват 5 прашалници, во Штип се предадени 2.137, а вратени се 2.136, недостасува само еден прашалник, во Гостивар се предадени 4.383, а вратени се 4.370 – недостасуваат 13 прашалници. Во Крива Паланка од 512, се вратени 507 прашалници, а загубени се 5 прашалници од анкетарите. Во Гази Баба се предадени 5.720, а вратени се 5.703 прашалници -недостасуваат 17 прашалници, во Тетово од предадени 6.593, се вратени се 6.560, па недостасуваат 33 прашалници, меѓутоа, според членовите на ДИК недостасуваат само 9 прашалници , бидејќи останатите биле внесени по електронски пат… Во Куманово недостасуваат 114 прашалници од вкупно 11.677, а во Карпош се дадени 6.864, а вратени се 6.841 прашалник, па недостасуваат 23 прашалници… Во Чаир се дадени 17.041, а вратени се 16.970 и недостасуваат 71 прашалник.

Игор Милев, член на ДИК, изрази сомнеж во извештајот, и според него, спорно е што 6.566 прашалници не се пополнети со ДА или со НЕ, на прашањето дали се анкетарите се сретнале лично со лицето кое требало да е анкетирано. Милев вели и дека 30 лица „живеат“ со дополнителни 8 лица кои гласаат. Тој истакна дека 8.650 лица се запишани и со други 6 лица со различно презиме, додека 1.349 лица живеат со други три лица во ист стан. Тој потенцираше дека 1.338 лица кои имаат над 30 години, се запишани само во една институција.

DSCN7328

Според Силвана Бонева, член на ДИК, спорните податоци со теренските податоци од прашалниците се поради тоа што електронскиот систем не дозволува поправка доколку кликнат погрешно на некое прашање при електронското внесување на податоци. Таа додаде дека сите спорни резултати од теренската проверка ќе се проверат дополнително.

Милев пак, потенцираше дека лицата кои правеле теренска проверка и кои електронски ги внесувале податоци, не потпишале никаков договор со ДИК, ниту потпишале некаков договор со Дирекцијата за заштита на лични податоци. Бонева му реплицираше на Милев дека во ДИК имале проблем со внесување на податоците во електронскиот систем и дека побарале помош од Министерството за информатичко општество и администрација за да ги внесат податоците.

За 46.475 граѓани кои ќе бидат предмет на повторна проверка во базите на податоци или со помош на МВР, за 8.878 лица анкетарите добиле одговор дека живеат на дадената адреса но дека се привремено надвор од државата, за 5.093 чица  дека живееле на посочената адреса, но се иселиле, за 523 дека починале, а за 2.945 граѓани дека живеат во Македонија, но престојуваат на друга адреса.

 

Д. Муратов

 

 

Tags: 282 прашалнициДИКизвештајконфузијаседницаспорнитеренска проверка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ