Во Кавадарци денеска се одржува 18. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се очекува реизбор на Христијан Мицкоски за претседател, единствен кандидат за функцијата. Настанот, под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, ќе собере околу 2.600 учесници, меѓу кои околу 850 делегати.
На Конгресот треба да биде усвоена „Стратегија Македонија 2030“, документ што ја дефинира долгорочната визија на партијата за државата – стабилни институции, модерна економија, заштита на идентитетот и реформи базирани на европските вредности. Делегатите ќе ја добијат стратегијата дигитално преку QR код.
Мицкоски најави дека, доколку биде реизбран, ова ќе биде негов последен мандат, бидејќи статутот дозволува максимум три. Потсети и дека партијата за првпат нема долгови, за разлика од состојбата во 2018 година.
















































