Конгресот на САД го усвои обемниот закон за даноци и трошоци на Доналд Трамп, што претставува значајна и тешка победа за претседателот и неговата домашна агенда, пренесува Би-би-си.
По исцрпувачка седница на Капитол Хил, Претставничкиот дом го усвои законот со 218 гласови „за“ и 214 „против“ во четврток попладне. Тој беше одобрен во Сенатот во вторникот со само еден глас повеќе.
Трамп му даде на Конгресот, контролиран од републиканците, рок до 4 јули да му ја испрати финалната верзија на законот за да го потпише.
Канцеларијата за буџет на Конгресот проценува дека законот би можел да додаде 3,3 трилиони долари на федералните дефицити во следните 10 години и да остави милиони луѓе без здравствено осигурување – прогноза што Белата куќа ја оспорува.
Зборувајќи со новинарите во четврток вечерта, Трамп рече дека законот „ќе ја претвори оваа земја во ракета“.
„Ова ќе биде одличен закон за земјата“, рече тој.
Се очекува тој да го потпише законот на церемонија на националниот празник 4 јули во 17:00 часот по источно време (22:00 часот по британско летно време).
Д. Мишев