• Latest

Конституирање на Собранието на 4 август, се бара најстрога казна за работодавачите кои профитираат на грбот на работниците, ЦИВИЛ повика на референдум за Универзална сала

July 29, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Конституирање на Собранието на 4 август, се бара најстрога казна за работодавачите кои профитираат на грбот на работниците, ЦИВИЛ повика на референдум за Универзална сала

July 29, 2020 16:44
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Џафери ја закажа Конститутивната седница на Собранието на 4 август

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Tалат Џафери го потпиша Решението за свикување на Првата – Конститутивна седница на Собранието на Република Северна Македонија.

Конститутивната седница ќе се одржи на 4.8.2020 година (вторник), со почеток во 12 часот. Со оглед на новонастанатата состојба со пандемијата Ковид-19 и во согласност со препораките од Комисијата за заразни болести, Конститутивната седница ќе се одвива според протоколи и критериуми што се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, со цел да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Јовановиќ: Најстрога казна за сите газди на фирми кои профитираат врз грбот на работниците

ФЛЕШ ВЕСТИ: 

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ изјави дека ССМ бара кривична одговорност за работодавачите кои не ги исплатиле 14.500 денари дадени од државата.

ВМРО-ДПМНЕ го започнува процесот на кадровското освежување, информираа од нивниот центар за комуникации.

Градоналачникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешниот брифинг со новинари истакна дека смета дека треба да има референдум за Универзална сала.

Министерството за внатрешни работи постапува по дивоградбата кај ТЦ Мавровка, известено е и Јавното обвинителство.

Агенцијата за заштита на личните податоци информира дека започнала постапка за спроведување на супервизија над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци и нивната заштита од страна на ДИК.

Лекарите советуваат децата од септември да се вратат во училишните клупи.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ: 

ЦИВИЛ повикува на локален референдум за Универзална сала

Поттикнати од колумната на Сашо Орданоски „А зошто да не: градски референдум за „Универзална сала“?, ЦИВИЛ донесе одлука да поднесе иницијатива за локален референдум за Универзална сала, дали ќе се гради на нова локација, дали ќе се реставрира сегашниот објект или ќе се урива, а на негово место ќе се гради парк… За тие и други прашања поврзани со оваа тема, најдобро е да се организира референдум.

СЛОБОДНА ЗОНА

„И јас, како и илјадници други скопјани, а и граѓани од другите градови на Македонија, ја чувствувам „Универзална“ како дел од моето лично културно искуство, како формативно место за еден важен дел од мојот светоглед, не само во областа на изведувачките уметности и културата. Бидејќи живеам на некои 200-300 метри од салата, и денеска, кога тоа тажно и градежно потрошено здание стои како скелет на некој урбан и одамна мртов диносаурус, секојдневно се меткам низ околните кафулиња („Броз“, „Че“, „Белиер“…) и безобразно се гојам во „Силбо“ и „Апче“ (ах!!!), лесно закажувајќи средби и состаноци „кај Универзална“, пишува Сашо Орданоски во колумната „А зошто да не: градски референдум за „Универзална сала“?

Ангела Петровска 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ