ВЕСТ НА ДЕНОТ: Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници
Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.
Јагода Шахпаска, претседателката на Верификациската комисија, што денеска ја избра Собранието на првата конститутивна седница, рече дека Комисијата констатира оти нема основ за оспорување на изборoт на ниту еден од 120-те пратеници.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Зоран Заев: Намалување на администрацијата, на бројот на министри и рационализација на јавните служби
Идните чинители во новата Влада ќе треба да се подготвени и за сериозна реформа на јавната администрација – зборуваме за промена која ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Зборуваме за помал број министри и за рационализација на јавните служби, но за поголем број и побрзи услуги за граѓаните.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/615058496109955/?t=180
ФЛЕШ ВЕСТИ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека изминатите избори биле најлоши од сите во изминатите 30 години, но очекува во следните денови ВМРО-ДПМНЕ да се обиде да обезбеди парламентарно мнозниство.
https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/315147166504830/
Пратеничката Јагода Шахпанска со 115 гласа ЗА, е избрана за претседателка на Верификациската комисија на Собранието.
Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени за сообраќај, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
МТСП информира дека во тек е исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јули.
Во Велешкиот суд денеска продолжи судењето на поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски.
Вонредната супервизија на АЗЛП во ДИК утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци.
ЦИВИЛ МЕДИА
Дудуш: Дивите депонии се минато во Шуто Оризари
СЛОБОДНА ЗОНА
„Проблемот во македонската политика е тоа што цената за учество во коалициона влада секогаш е превисока. Сите имаат подолга листа со барања отколку што им е долга листата со ветувања дека ќе работат вредно, чесно и професионално, за доброто на државата. Така, пратеничките мандати стануваат бројки, односно адути за трговија и, простете, уцена.“, пишува Џабир Дерала во колумна „Меѓу апетитите, уцените и европскиот пат“.
Дерала започна и со вечерни коментари на поважните настани во текот на денот. Коментарите се објавуваат секој ден во 23:30 часот. Синоќешниот коментар носи наслов „СЈО е мртво, да живее СЈО, без СЈО… Сепак, тивок ден на македонското политичко боиште…“
Ангела Петровска