Во Владата на Република Македонија вечер ќе се одржи консултативна средба со граѓански организации, на која ќе учествува и премиерот Зоран Заев.
На консултативната средба, како што соопшти владината прес-служба, ќе се дискутираат актуелни прашања од важност за напредокот на Република Македонија, вклучително и структурата на преговори за пристапување на земјата кон Европската унија. (МИА)