• Latest

Континуирано намалување на новозаболени со Ковид-19 во државава

December 8, 2021

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Континуирано намалување на новозаболени со Ковид-19 во државава

December 8, 2021 09:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Додека процентот на новозаболени од Ковид-19 во повеќе држави од Европската Унија се зголемува, Северна Македонија и дел од земјите во Западен Балкан бележат намалување на заразени со коронавирусот. Институтот за јавно здравје објави дека минатата недела во однос на претходната, забележано е намалување од 17,3 отсто заболени од Ковид-19, а заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се 828.770 граѓани. ИЈЗ, минатата недела регистрирал 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, а процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто.

Од направени се 2.744 тестирања во текот на вчерашниот ден, регистрирани се 375 нови случаи на Ковид-19, а девет лица починале од вирусот. Регистрирани сe 507 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје регистрирани најмногу, односно 180 позитивни на Ковид, а најмалку, по еден, во Неготино, Крушево и Пехчево.
Од починатите, три лица се од Скопје (87г, 78г и 62г) и по еден починат од Кавадарци (60г), Струга (83г), Струмица (72г), Кочани (59г), Штип (73г) и Свети Николе (86г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.775, бројот на оздравени пациенти е 204.474, на починати е 7.674, а бројот на активни случаи изнесува 5.627.
Регионалниот директор на СЗО за Еврпа Ханс Клуге вчера информираше дека еден од десет луѓе во европскиот регион на СЗО ќе биде заразен со Ковид-19 до крајот на оваа недела. Тој рече дека миниатиот месец предупредиле дека до почетокот на 2022 година би можеле да бидат загубени уште половина милион животи доколку не преземеме итни мерки.
-Помина еден месец и починаа уште 120.000 луѓе, а во регионот има уште 10 милиони случаи на Ковид-19. До крајот на оваа недела, секој десетти човек во европскиот регион ќе биде заразен со Ковид-19, што ќе биде потврдено со лабораториски тестови, порача Клуге.
Нагласи дека со наближувањето на крајот на годината и сезоната на празници, смртните случаи регистрирани од Ковид-19 достигнаа високо ниво од околу 4.100 смртни случаи дневно, што е двојно повеќе од 2.100 смртни случаи на ден од пред два месеца. Пред само две недели, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во 53 земји во регионот надмина 1,5 милион.
Откако главниот советник на американскиот претседател за пандемијата, инфектологот д-р Ентони Фаучи, вчера изјави дека иако има брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот и дека првите индикации покажуваат дека тој е помалку опасен од делта сојот, британскиот производител на лекови „Глаксо Смит Клајн“ (Glaxo Smith Kline) соопшти дека неговиот лек „Сотровимаб“ односно терапија против Ковид-19 заснована на антитела, е ефикасна против сите мутации во новата варијанта на коронавирус – Омикрон.

Резултатите од студијата, кои допрва треба да бидат разгледани и објавени во рецензирани медицински списанија, сугерираат дека третманот со Сотровимаб е ефикасен против сите 37 мутации досега идентификувани на шилестиот протеин, се вели во изјавата на „Глаксо Смит Клајн“.

Друг претклинички резултат од истражување спроведено минатата недела покажа дека лекот делува против клучните мутации во варијантата Омикрон.

Сотровимаб беше дизајниран да се врзува за шилестиот протеин на површината на коронавирусот, но беше откриено дека Омикрон има невообичаено голем број мутации во тој протеин.

Омикрон сојот на коронавирусот, кај нас засега не е регистриран ниту еден случај. Се уште доминантен останува Делта сојот, како кај нас, така и во државите од регионот. Во меѓувреме, надлежните повикуваат на помасовна вакцинација, која претставува единствениот реален излез од пандемијата.

Новиот сој Омикрон вчера за првпат беше потврден на Балканот. Поточно, станува збор за двајца пациенти од Хрватска кои се инфицирале со новиот сој, а притоа не престојувале во Јужна Африка, но биле на состаноци на кои имало гости од странство.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ