пишува: АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ
За три дена Европскиот парламент би требало пленарно да расправа за Извештајот за напредок на Косово. Поврзано со овој настан, на 18 март, во организација на германската канцеларија на Генерална дирекција за комуникации на Европскиот парламент, одржан е брифинг на кој зборуваа двајца известители за Косово, а нивните ставови предизвика бурни реакции во Србија.
Краток коментар на оваа тема би бил дека Косово и Србија ќе мора да прифатат рецепт за решавање на меѓусебните проблеми така што двете земји ќе морат да ја проголтаат горчливата пилула за воспоставување на порелаксирани односи што подразбира и – меѓусебно признавање. Зошто да не?
Што побргу се случи тоа, добро ќе биде за целиот регион. Тоа го покажува искуството во решавање на деценискиот спорот помеѓу Грција и Македонија (сега Северна) околу името. Секоја држава изгуби по малку, а доби многу.
Емотивните реакции на политичкиот врв во Србија по повод изјавата на известителката за Косово во Европскиот парламент Виола фон Крамон-Таубадел дека Косово, доколку не сака да ја загуби европската перспектива, мора на листата на своите приоритети да го стави дијалогот со Србија, а дека за Србија: „Признавањето на Косово е услов за понатамошен напредок во преговорите со Европската унија“ се разбирливи. Можеби, пред сè, поради цврстиот став на ЕУ и САД дека тука некаде на делтата на Велика Морава и Сава во Дунав, поради заштита на демократските вредности во Европа кои се приоритет и за Западен Балкан, мора да се запре сè поагресивното влијание на Русија и Кина врз овие простори.
Ваквиот став на ЕУ и не само на ЕУ, не е ни нов ни од вчера, тоа му е јасно на Белград и ставање „тампони во уши“ на вакви пораки може само да има краткотрајни ефекти на внатрешнополитички план и поддршка на актуелната политика „од пред кооперација“.
Тоа уште попластично го објаснува и вториот известител за Косово, Лукас Манд, австрискиот пратеник од редовите на Народната партија, кој потсетува дека денешната Европа на благосостојба и слобода е резултата на надминување на ирационалните судири помеѓу етничките групи, нации религии и идеологии. „Тие во минатото предизвикаа многу несреќи и нема да дозволиме тоа да се повтори било каде во Европа, па ни на Балкан. Таквите конфликти се одамна на депонија на историјата“.
Иднината и на Србија и на Косово е во интеграција на двете земји во ЕУ и меѓусебна соработка со соседите. Прашањето е само на ден кога ова формула ќе биде прифатена и во Србија, а сигналите постојат. Па всушност и самиот претседател Вучиќ не така одамна изјави дека: „Еден ден Србија ќе мора да проголта некои работи кои баш нема да ѝ бидат по волја и со добар вкус“, а сега е прашање кога за ова ќе добие мнозинство.
Во тој процес ЕУ се надева и на поддршка од новата американска администрација. Претседателот на САД, Џозеф Бајден, во своето писмо упатено до Вучиќ, јасно му ставил до знаење дека САД очекуваат од една страна меѓусебно признавање на помеѓу Србија и Косово, а од друга страна продолжување на процесот на евроинтеграциите.
Тоа е, како што истакна и евроизвестилот Мандл, важно поради геополитичкото значење на регионот, со оглед дека за него голем интерес покажуваат Русија, Кина, Турција и Саудиска Арабија.
Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.