• Latest
Александар Николиќ Писарев

Косово и Србија морат да проголтаат горки пилули

March 21, 2021
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Косово и Србија морат да проголтаат горки пилули

Иднината и на Србија и на Косово е во интеграција на двете земји во ЕУ и меѓусебна соработка со соседите. Прашањето е само на ден кога ова формула ќе биде прифатена и во Србија, а сигналите постојат. Па всушност и самиот претседател Вучиќ не така одамна изјави дека: „Еден ден Србија ќе мора да проголта некои работи кои баш нема да ѝ бидат по волја и со добар вкус“, а сега е прашање кога за ова ќе добие мнозинство.

March 21, 2021 17:22
in АНАЛИЗИ, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Александар Николиќ Писарев

Александар Николиќ Писарев

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

За три дена Европскиот парламент би требало пленарно да расправа за Извештајот за напредок на Косово. Поврзано со овој настан, на 18 март, во организација на германската канцеларија  на Генерална дирекција за комуникации на Европскиот парламент, одржан е брифинг на кој зборуваа двајца известители за Косово, а нивните ставови предизвика бурни реакции во Србија.

Краток коментар на оваа тема би бил дека Косово и Србија ќе мора да прифатат рецепт за решавање на меѓусебните проблеми така што двете земји ќе морат да ја проголтаат горчливата пилула за воспоставување на порелаксирани односи што подразбира и – меѓусебно признавање. Зошто да не?

Што побргу се случи тоа, добро ќе биде за целиот регион. Тоа го покажува искуството во решавање на деценискиот спорот помеѓу Грција и Македонија (сега Северна) околу името. Секоја држава изгуби по малку, а доби многу.

Емотивните реакции на политичкиот врв во Србија по повод изјавата на известителката за Косово  во Европскиот парламент Виола фон Крамон-Таубадел дека Косово, доколку не сака да ја загуби европската перспектива, мора на листата на своите приоритети да го стави дијалогот со Србија, а дека за Србија: „Признавањето на Косово е услов за понатамошен напредок во преговорите со Европската унија“ се разбирливи. Можеби, пред сè, поради цврстиот став на ЕУ и САД  дека тука некаде на делтата на Велика Морава и Сава во Дунав, поради заштита на демократските вредности во Европа кои се приоритет и за Западен Балкан, мора да се запре сè поагресивното влијание на Русија и Кина врз овие простори.

Ваквиот став на ЕУ и не само на ЕУ, не е ни нов ни од вчера, тоа му е јасно на Белград и ставање „тампони во уши“ на вакви пораки може само да има краткотрајни ефекти на внатрешнополитички план и поддршка на актуелната политика „од пред кооперација“.
Тоа уште попластично го објаснува и вториот известител за Косово, Лукас Манд, австрискиот пратеник од редовите на Народната партија, кој потсетува дека денешната Европа на благосостојба и слобода е резултата на надминување на ирационалните судири помеѓу етничките групи, нации религии и идеологии. „Тие во минатото предизвикаа многу несреќи и нема да дозволиме тоа да се повтори било каде во Европа, па ни на Балкан. Таквите конфликти се одамна на депонија на историјата“.

Иднината и на Србија и на Косово е во интеграција на двете земји во ЕУ и меѓусебна соработка со соседите. Прашањето е само на ден кога ова формула ќе биде прифатена и во Србија, а сигналите постојат. Па всушност и самиот претседател Вучиќ не така одамна изјави дека: „Еден ден Србија ќе мора да проголта некои работи кои баш нема да ѝ бидат по волја и со добар вкус“, а сега е прашање кога за ова ќе добие мнозинство.

Во тој процес ЕУ се надева и на поддршка од новата американска администрација. Претседателот на САД, Џозеф Бајден, во своето писмо упатено до Вучиќ, јасно му ставил до знаење дека САД очекуваат од една страна меѓусебно признавање на помеѓу Србија и Косово, а од друга страна продолжување на процесот на евроинтеграциите.

Тоа е, како што истакна и евроизвестилот Мандл, важно поради геополитичкото значење на регионот, со оглед дека за него голем интерес покажуваат Русија, Кина, Турција и Саудиска Арабија.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ