Уште еден косовски државјанин, кој се борел на страната на терористичката група Исламска држава (ИД), е убиен во Сирија.
К.А. од селото Пестово кај Витина, е последната жртва од Косово во војната во Сирија. Тој живеел во Германија од каде и им се приклучил на џихадистите на ИД во Сирија, пишува електронското издание на приштнискиот весник „Екпрес“.
Со убиството на К.А., бројот на загнати Косовци во конфликтите во Сирија и Ирак се искачи на 75 лица.
Податоците на полицијата потврдуваат дека во конфликтните подрачја се наоѓаат 195 косовски државјани, од кои 95 деца и 40 жени.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини