• Latest

Костадиновска Стојчевска: Да се реши Универзална сала, важно е поради номинацијата на Скопје за Европска престолнина на културата

December 23, 2022

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска Стојчевска: Да се реши Универзална сала, важно е поради номинацијата на Скопје за Европска престолнина на културата

December 23, 2022 14:11
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за култура и Министерството за локална самоуправа постапиле по заложбите на Владата во однос на прашањето за надлежноста на Универзалната сала. Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска денеска кажа дека е испратена информација до градоначалничката Данела Арсовска за тоа до каде е состојбата со Универзалната сала и дали воопшто има некакви активности, пренесува НоваТВ.

„До ден денеска немаме добиено никаква повратна информација. Морам да апелирам и да напоменам дека Град Скопје е влезен во најтесниот круг за добитник за наградата „Европска престолнина на културата“ за 2028 година и апелирам овој проблем со Универзална сала, бидејќи токму Универзална сала се јавува како апликант на тој конкурс, да се реши и ќе иницирам нов состанок со градоначалничката Арсовска и заедно и Град Скопје и Министерство за култура и Владата да работиме на таа апликација и програма, зашто ни е од национален интерес“, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа истакна дека постои подготвеност со сите ресурси да се започне структурирањето на програмата за „Европска престолнина на културата“ за што се издвоени средства од буџетот и на владино ниво.

„Ова е навистина значаен национален проект за нас како држава и затоа апелирам да се реши статусот на Универзална сала. Ние истапивме, понудивме помош и сега на ред е Град Скопје, а како второ, во најкус можен рок после празниците ќе имаме состанок повторно со градоначалничката Данела Арсовска токму за ова прашање. Мораме заедно да ја работиме културната програма за оваа значајна номинација“, изјави министерката.

Tags: Град СкопјеКУЛТУРАкултурна програмаминистеркауниверзална сала
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ