• Latest

Костадиновска-Стојчевска на министерскиот состанок од Западен Балкан во Тирана: Промовирана првата платформа за култура со министри од Западен Балкан  

June 28, 2022
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска на министерскиот состанок од Западен Балкан во Тирана: Промовирана првата платформа за култура со министри од Западен Балкан  

June 28, 2022 14:08
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска учествуваше на Министерски состанок на промоција на Првата министерска платформа на Западен Балкан за култура во Тирана, Албанија, организиран од страна на Марија Габриел, европска комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, информираат од Министерството за култура.

Министрите од Западен Балкан ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат со младите и културното наследство. Потребни се уште повеќе вмрежувања и заеднички проекти. Во моментот се реализираат 13 проекти во висина од 3 милиони евра кои се наменети за Западен Балкан за да се негува и зачува културното наследство, така што оваа платформа е важна за заедничко делување на земјите во културата.

– Културното наследство ни ја дава основата на заедништвото, заедничката припадност во рамките на Европа, бидејќи ние споделуваме заедничка повеќемилениумска испреплетена традиционална култура која резултира со сегашните позитивни процеси на промовирање на истата. Преку развивање на програма на размена на млади луѓе од цела Европа, кои ќе ги презентираат културните традиционални особености – културно наследство, разноликости и вредности на земјата од која доаѓаат, само ќе се придонесе уште повеќе за запознавање со истите и промовирање на вредностите на заедничка културолошка припадност. Исто така, потребна е и поддршката на проекти и проектни активности кои придонесуваат за свеста за македонското, балканското, но и европското културно наследство кај младите луѓе, преку традиционални образовни методи и модерни дигитални технологии, се клучен интерес за помладата генерација, истакна на состанокот во Тирана Костадиновска-Стојчевска.

Според министерката тоа значи организирање на интерактивни практични работилници за младите, промовирање на вредностите и значењето на етнологијата, историјата, историјата на уметноста, археологијата, конзервацијата на културното наследство, зачувувањето на јазикот и друго, Токму работилниците кои планира да ги организира Mинистерството за култура ќе имаат за цел да им ја објаснат на младите поврзаноста на традиционалната култура со природната средина и потребата да се зачува таа врска за одржлива иднина.

– Во минатото, поради одржливоста, беше постигнат напредок на цивилизацијата. Стручните профили како кустос, конзерватор, документарист, фолклорист, филмолог итн., токму овие професии ни дадоа можност да ја разбереме сегашноста, преку истражување и заштита на вредностите од минатото, а обезбедивме и патоказ за иднината. Tокму затоа преку Годишните отворени повици, Министерството за култура ги охрабрува младите и младинските здруженија да овозможат проекти во областа на културното наследство, рече таа.

Според Костадиновска-Стојчевска развивањето на свеста за заштитата на културното наследство како дел од секојдневниот живот треба да започне од најмладата возраст. Таа свест мора да се развива како потреба на локално и пошироко државно ниво. Културата не треба да биде сувенир туку економски фактор, а треба да се инвестира во образованието уште од најмала возраст сè со цел да се развие свеста кај младите за културното наследство.

Министерскиот состанок претставува клучен настан во заедничките напори за одржување на политичкиот моментум поттикнат од започнувањето на Агендата за Западен Балкан на Самитот во Брдо минатиот октомври, со главен фокус на иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт преку кои Западен Балкан е на солиден пат кон поблиска соработка во тие области на политиката. Клучните теми на кои се водеа дискусиите за време на министерските состаноци вклучуваа културно наследство, соработка меѓу академскиот и бизнис секторот како двигатели на иновациите и учење за одржливост на животната средина.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ