Активната блокада е покажување на вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и нивната нервоза кога не се на власт, кажа пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостување на Алсат. Тој додаде дека блокадата не е поради конструктивност и желба за носење на подобри законски решенија.
-Станува збор за она што се вели заложништво на Христијан Мицкоски од Димитар Апасиев. Тоа многу често го зборуваме изминатиов период, тоа е така, бидејќи немајќи каде да оди Мицкоски со сето она „кажи, застани, па се врати три чекора наназад“, сака да го копира Димитар Апасиев во определени негови постапки и можноста да се радикализира состојбата со работата на Собранието некако му се допадна на Христијан Мицкоски и верувајте дека ги форсира своите пратеници да дојдат до ѕид и да нема каде да одат. Тоа граѓаните добро го препознаваат. Битен сет на одлуки не беа поддржани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа на парламентарните избори во 2024 година граѓаните тоа ќе знаат да го казнат, рече Костовски.