• Latest

Костовски: Постар кадар за уште постари предрасуди

November 19, 2023
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Костовски: Постар кадар за уште постари предрасуди

November 19, 2023 14:00
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Авторот стартува со реченицата „не би имало културна смисла да се рече дека именуваното трио (што ја води надворешната политика – Ковачевски, Османи, Маричиќ – н.з.) а не само тоа, ја дезинформира сопствената јавност или дека ги лаже своите граѓани, особено Македонците. Поприфатлива би била формулацијата дека нивните тврдења не се точни“. Ова треба да е некаков „попуст“ за споменатите и ним по ова секако ќе им олесни додека го читаат текстот понатаму“; пишува Љубомир Костовски, во анализата „Кој шири лаги за непризнавање на македонскиот јазик во ЕУ?“, комнетирајќи го текстот на некогашниот генерален директор на НИП-от, Панде Колемишевски, во контекст на македонскиот јазик и индентитет во ЕУ.

Но, проблем има Колемишевски со својата задача. Најпрвин не може секако да го одбегне договорот со Фронтекс „Со тој договор, потпишан лани, а ратификуван годинава, е официјално дозволено дел од македонската граница да ја чуваат и странски полицајци за спречување масовни налети од мигранти. Тој не задира во ништо друго поврзано со односите Македонија – ЕУ. Несомнено дека македонската преговарачка страна вложи доста напори и се избори договорот да биде потпишан и на македонски јазик, без фусноти, покрај другите 24 официјални јазици на Унијата. За тој чин доби и честитки од странците. Меѓу нив и од францускиот претседател Макрон, кој подвлече дека со тоа ’се признава македонскиот јазик и целосно се почитува унитарниот карактер на македонскиот идентитет’. Но таа Макронова изјава е само дипломатска бела ракавица, официјално не значи ништо, нема општоевропска вредност“.

Ова е едноставно самовреднување на европските приоритети. Од кога Колемишевски проценува дека прашањето на мигрантите не е од битна важност?! Брзо се заборави онаа врвулица од милиони бегалци кои заминаа на Запад преку нашата земја од кои повеќе од еден милион ги прифати Германија. Заради тој факт една политичка големина како канцеларката Меркел падна на првите наредни изборти, земјата се сврте драматиочно во десно и така натаму. Брегзит во голема мерка е резултат на несолидарноста на Британија со Унијата во време на масовно преселување на народите од Истокот кон Западот!! А да ја споменеме Италија која мораше да прими милиони и милиони бегалци од Африка без голема солидарност од другите членки на ЕУ… Дали за тамошниот политички крем ова прашање не е важно? Германија, Британија, Италија… нели небитни земји со огромни проблеми, гледаат ли тие во тоа прашање таква баналност која не може да се види од страна на авторот на текстот. Па заради таа баналност ЕУ годишно дава по 4 милијарди евра на Турција за да го задржи бранот кој започна од Сирија ама потоа се прошири и на целиот арапски свет плус хималајскиот потконтинет. Какви политички и економски земјотреси се сопреа со постоењето на Фронтекст, додека македонската граница стана вистински фронт, место каде се чуваат вредностите и опстанокот на Унијата. Дури, од објетивни причини таа граница која објективно значи и жртвување на јужниот сосед кој се гуши во налетот на бегалците кои бегаат од Турција кон грчките острови. Не било нитно?! Дребно значење… Не ја одредувало битно позицијата меѓу Македонија и ЕУ?

Во поддршката за празната мисловна рамка на Шампитата во отпорот кон промената на Уставот Колемишевски наоѓа и нов аргумент онаму каде прашањето на македонскиот јазик и Унијата е токму најмалку наклонет кон опозицијата. Тој ја споменува донесената декларација во германскиот Бундестаг, со која се признаваат македонската култура, идентитет и јазик. „И таа има повеќе симболична, а помалку практична вредност. Тие се дел од картотеката на многубројните лицемерни изјави од високи претставници на ЕУ, како и дадените од разни амбасадори. Ваквите изјави се плацебо-пилули да си ја смират својата совест и да ги намалат болните чувства на загрижените Македонци. Во тој кош се и изјавите за јазикот на претседателката на комисијата, Урсула фон дер Лејен“.

Целата анализа на Костовски прочитајте ја ТУКА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ