• Latest

Костовски: Пропаганда кај нашите медиуми е и кога немаме вести

April 23, 2022

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
Фото: Д. Мишев/ЦИВИЛ Медиа

Вајц се надева дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот

October 21, 2025

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Костовски: Пропаганда кај нашите медиуми е и кога немаме вести

April 23, 2022 13:48
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Љубомир Костовски на панелот на ЦИВИЛ „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“, говори за руската пропаганда и влијанието во земјава и регионот.

Мислам дека руската пропаганда кај нас е многу силна,  некаде од 2015 година, од појавата на таканаречените бомби на СДСМ, и оттогаш се гледа дека сите нивни реакции, следења и коментари, беа многу одбранбени во однос на тогашната актуелна власт. Во рамки на една своја поделба на светот, на стари демократски земји, кои се нивни, да речеме политички опоненти, има земји кои се некаде на границата, кои и нас не третираат така, и кои треба да бидат во рамки на она што беше замислено во Москва, таканаречено „Православно братство“, во кое треба да доминира нивниот интерес, едноставно се сметаше дека ние сме некаква зона на интерес, во кои западот се обидува преку таканаречени „обоени револуции“ да направи  промени на нивна штета, во конфигурација на интересите. Тука беше секако и Македонија од почетокот на своите аспирации да влезе во НАТО, а пропаганда кај нашите медиуми е кога немате вести. Кај нас на пример апсолутно го немаше известувањето за делувањето на Русија во Грција, вели меѓу другото Костовски.

Во однос на руската пропаганда во образованието, Костовски се осврна на еден мошне интересен податок, дека во минатото ние сме учеле речиси исклучително за руските класици, имајќи го предвид тогашниот политички контекст,  додека другите светски класици се занемарени.

Ние имаме една пропагандна шема која некогаш можеби била и со право, меѓутоа, тогаш била така создадена. Сите зборуваат Достојевски, Достојевски, нешто се случувало, го забранувале… Ние сме го учеле Достојевски во средно, и Толстој и сите големи класици. Кој американски или британски класик сме го учеле и е толку застапен колку што се руските? Но морало да има некаква еквидистанца, и сега го нема тоа, сега се буните зошто го нема „Лебедово езеро“, а таа се игра еднаш во четири години. И кога ќе ја има, нема никаква вест на нашите телевизии. А колку имаме современи или класични балети од другите средини? Тоа е фрапантно, и нашите музички училишта се базираат на руската школа итн. Сето тоа има квалитет, но ја нема разноврсноста. На пример, никој не го спомнува Тарас Буљба, тој е страшен класик и ние сме го учеле, и тој зборува за украинскиот дух…

Костовски посочи на други општествени чинители кои шират руска пропаганда, како што е и велешкиот поп кој ги прскаше улиците против КОВИД, и групата Македонски фронт.

Имаме ние една групировка мислам дека се вика Македонски фронт, и сега дури издава и прогласи, и еден од врвните пропагатори на руската црква кај нас, тоа е велешкиот високо свештеник, оној што прскаше по улиците, ако се сеќавате, против КОВИД. Тој е дел од една групација, кои издаваат еден „пан-словенски“ документ со кој се обидуваат да влијаат. Но нема одговор на тоа што значи тоа, и никој не реагира за тоа,  а тоа е казниво.

Од аспектот на медиумска пропаганда, ние можеме да тврдиме дека сме про-западни, но тоа не доаѓа до израз, најголем дел од медиумите имаат антивладина политика, вели Костовски.

Ние можеме да тврдиме дека како новинари сме про-западни, но тоа не доаѓа до израз. Тоа се перфидни работи, пропагандата не работи така, имаме триесет претставници во руската амбасада и тоа е веќе видливо и докажано, и постои. Руското пријателство со Русија индиректно  влегува преку руската пропаганда кај нас. Да се потсетиме на 2017 година, кога тука беше човекот што стана српски амбасадор во Москва, инаку беше познат новинар кој неодамна почина. Беше вмешан во „крвавиот четврток“ во 2017 година. Сето ова покажува на нашата ранливост, не се тоа само политичките рубрики, вестите, тоа е многу пошироко. Земете ја комичната серија со Зеленски, се прикажува токму сега и само на една телевизија, и се потсмеваме на човекот, и не знаат како тој дошол на власт… Кога таа серија би била емитувана вон овој контекст, во некое друго време, би било во ред, но  токму сега? Тоа е една голема политичка грешка.

Прашањето на правење вести и друго јас би ја гледал како антивладина политика која постои во нашите медиуми, во најголем дел од медиумите, многу малку медиуми се слободни, ЦИВИЛ е еден од ретките каде можете да прочитате нормални анализи и каде има нормални соговорници, заклучува Костовски.

 

Дијана Тахири

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    179 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ