• Latest

Костуранова: Младите да имаат поголемо учество во донесување на одлуки

January 24, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Костуранова: Младите да имаат поголемо учество во донесување на одлуки

January 24, 2018 11:23
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Извршната директорка на Младински образовен форум (МОФ), Дона Костуранова, во разговор за ЦИВИЛ Медиа, изјави дека 2017 година била една комплицирана и тешка година, но дека сепак се направиле многу значајни истапувања напред кои биле важни за демократијата во Македонија. Како дел од најзначајните истапувања ги издвои започнатата кривична постапка за прекумерната полициска сила која беше извршена врз студентите на студентските избори претходната година, укинувањето на екстерното тестирање и започнатиот процес на креирање на нов закон за високото образование.

„Во 2018 година се надевам дека ќе имаме повеќе младинско учество во општините и во локалните самоуправи, каде локалните младински совети треба да добијат право да си ги бираат сами своите младински претставници, нешто што сега во повеќето општини го немаат, и да си ги претставуваат своите интереси пред локалните самоуправи“, изјави Костуранова.

Таа посочи дека за реформите во образованието треба да се бориме тие реформи да бидат за поквалитетно образование, образование кое вреди, од кое што добиваш нешто и стануваш и подобар граѓанин и поконкурентен на пазарот, а не само како досега образование кое многумина го завршуваат, но ништо не добиваме од него.

„Следната година веројатно ќе имаме и нови студентски избори, кои треба конечно да го поништат оној криминал од претходните избори, со крадени гласачки кутии, со нерегуларно распишани избори, со насилство врз студенти, да имаме студентски парламенти за пример кои ќе бидат сочинети од пратеници, а не само од еден некој единствен лидер, кој ќе ги контролира и злоупотребува“.

„Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Mаја Ивановска
Обработка на текст: Ангела Петровска 
Камера и фотографија: Дехран Муратов
Tags: Дона КостурановамладиМОФправастуденти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ