Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски за Иницијативата „Направи разлика, почитувај ги различностите“.
„Велес како мултиетничка општина во која доминантно живеат припадници на македонската етничка заедница, но во оваа општина живеат соодветен процент на бошњачката, албанската, турската, ромската заедница и останатите заедници, гради посебен однос кон прифаќање на мултикултурализмот и градење на посебни односи за негување на културата, традициите, обичаите, јазикот на сите заедници и тоа ни е особено важно и се обидуваме тогаш кога е пригодно во секојдневното дејствување, особено кога се големите празници на помалите етнички заедници на соодветен начин да се вклучиме, да ги поддржиме во организирањето на нивните активности кои се многу важни пред се за нивното чувство, односно да се чувствуваат како рамноправни граѓани во нашата заедница затоа што сите ние се раѓаме како едноставни човечки суштества и треба да ги третираме сите луѓе како еднакви меѓу себе. Може ние да се разликуваме според својата боја на кожа, етничка и верска припадност, социјална или полова припадност, но пред се ние сме луѓе и затоа ни е важен секој припадник на заедницата и присуството во заедницата на припадници на различни етнички заедници секогаш треба да се смета како богатство, како предност а не како хендикеп или евентуален проблем во секојдневното дејствување.“, изјави Коцевски.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети